Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Фитнес тренери ги раздвоија заблудите и вистините за вежбањето

Jennifer Burk , тренер во Crunch gym, West Hollywood, Калифорнија, вели дека секој почеток е тежок и луѓето обично уште пред да почнат со активно вежбање се откажуваат. Оние поистрајните кога ќе забележат дека нивното тело се дефинира и добива во мускулна маса, гледаат поинаку на работите.

Исто така вели, дека многу луѓе мислат дека за губење на што повеќе килограми најважни се кардио вежбите, но најдобро е да се додадат и вежби за издржливост, односно вежби кои ги оптеретуваат мускули.

Побрзо или побавно?

Заблуда е тоа дека ако справата за кардио вежби е на најнизок интензитет побрзо ќе согорувате калории. Не. Ако справата е со поголем интензитет тогаш согорувате повеќе калории.

Проблематични подрачја

Овде се истакнува уште една заблуда – дека е можно да се изгуби само маснотијата на целното подрачје.

"Кога сакав да го намалам салото околу стомакот, морав да ја изведам целокупната кондициска програма како би го намалил обемот на стомакот. Кардио тренингот согоруваше масти насекаде. После тоа треба да изведувате вежби кои ќе ја затегнат кожата и ќе ги дефинираат вашите мускули." 

Истегнувањето не е секогаш добра идеjа

Moira Merrithew од Merrithew Health & Fitness вели дека уште една заблуда треба да се расчисти во врска со истегнувањето. За некои спортисти истегнувањето пред трчање е најлошото што можат да си го сторат себе си. Едноставно, не постои строго правило.

За тренинг со тежини, препорачливо е да се раздвижете со мали тежини.

Мускулите не се претвораат во сало, а ниту салото во мускули

Мускулите никогаш не се претвораат во сало, ниту кај оние кои само лежат и јадат. Она што се случува е губење на мускулното ткиво, а добивање на масно ткиво.

Исто е и со вежбањето. Кога тренираме, согоруваме многу повеќе масно ткиво, а истовремено да добиеме мускули.

Не претерувајте со вода

Вежбате и треба во себе да внесувате доволно количини вода, но не да претерувате. Внесувањето на премногу вода може да резултира со состојба во која се доаѓа до не рамнотежа на вода и сол.

 

Tyxo.bg counter