Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Хепатит Ц (жолтица)

Хепатит Ц е заболување на црниот дроб предизвикано од вирус на хепатит Ц (ХЦВ) кој се наоѓа во крвта на лицата заболени од оваа болест. ХЦВ се пренесува со контакт со крвта на инфицираното лице.
Вакцина за превенција од ХЦВ не постои.
Со кои крвни тестови може да се дијагностицира хепатит Ц? 
Постојат неколку крвни тестови со кои може да се провери дали сте инфицирани со вирус на хепатит Ц. Вашиот лекар може да ви одреди еден или комбинација на повеке вакви тестови. Можат да ви бидат одредени следни типови на тестови, и ова се нивните намени:

A) Анти-ХЦВ (антитела на ХЦВ)

-ЕИА (ензимски имуно тест) или ЦИА (имуно тест на засилена хемилуминисценција). Овој тест вообичаено се прави прв, а ако е позитивен, треба да се потврди.
-РИБА (рекомбинантен имунобио тест)- дополнителен тест кој се користи за да се потврди позитивен ЕИА
Анти ХЦВ не покажуваат дали инфекцијата е скорешна (акутна), хронична (долготрајна) или веке не е присутна.

B) квалитативни тестови со цел да се открие присуството или отсуството на вирусот (ХЦВ РНК)
C) квантитативни тестови со цел да се открие количината (титарот) на вирусот (ХЦВ РНК)

Само позитивен ПЦР тест укажува на инфекција со ХЦВ. Само негативен тест не значи дека лицето не е инфицирано. Вирусот може да биде присутен во крвта а да не иде откриен со ПЦР. Исто така и лице кое било инфицирано во минатото и било опоравено може да има негативен тест. Кога се сомневаме на хепатит Ц, а ПЦР е негативен, тестот треба да се повтори.

РИЗИЧНИ ФАКТОРИ:

  • Лица кои користат заеднички игли
  • Здравствени работници кои се изложени на инфицирана крв

МОЖНИ СИМПТОМИ:

  • Болка во горниот лев квадрант на абдоменот
  • Гадење и повраќање
  • Губење апетит
  • Пожолтување
  • Замор
  • Чешање

Дали можете да имате лажно позитивни резултати од анти-ХЦВ тестот?
Да. Лажно позитивен тест значи дека тестот изгледа како да е позитивен, но всушност е негативен. Ова почесто се случува кај лица кои имаат мал ризик за болеста за која се тестирани. На пример, лажно позитивен анти-ХЦВ тест се случува почесто кај лица како што е крводарители кои имаат низок ризик за хепатит Ц. Затоа, важно е да се потврди позитивен анти-ХЦВ тест со дополнителен тест, бидејки повекето од лажно позитивни анти-ХЦВ тестови излегуваат негативни при дополнително тестирање. Кликнете тука за повеке информации за Упатства за лабораториско тестирање и извештаи за резултатите за антителата на вирус на хепатит Ц.

Дали можете да имате лажно негативни резултати од анти-ХЦВ тестот?
Да. Кај лица со рана инфекција нивото на антителата се уште не е доволно за тестот да може да го измери. Исто така, кај некои лица може да недостасува имунолошкиот одговор кој е неопходен за тестот да биде валиден. Кај овие лица се препорачува да се изврши некој од тестовите како што е ПЦР.

Колку време е потребно откако лицето било изложено на ХЦВ за да стане позитивно на анти-ХЦВ тестот?

Анти-ХЦВ можат да се пронајдат кај 7 до 10 лица веднаш кога симптомите ќе се појават, а кај 9 од 10 лица во тек на 3 месеци откако симптомите ќе се појават. Но важно е да се напомне дека многу луѓе кои имаат хепатит Ц немаат никакви симптоми.

Колку време е потребно откако лицето било изложено на ХЦВ за да стане позитивно на ПЦР тестот?
ХЦВ може да се најде 1-2 недели откако лицето било инфицирано со вирусот.

Кој е следниот чекор откако ќе се потврди дека анти-ХЦВ тестот ви е позитивен?
Треба да се измери нивото на АЛТ (аланин аминотрансфераза, хепатален ензим) во крвта. Покачено ниво на АЛТ укажува на воспаление на црниот дроб и треба да направите понатамошни испитувања на евентуални знаци на хронична хепатална болест и евентуална терапија. Евалуацијата треба да ја направи стручно лице-здравствен работник запознаен со хепатит Ц.
Дали можете да имате нормални вредности на АЛТ а сепак да имате хроничен хепатит Ц?
Да. Кај лица со хроничен хепатит Ц вообичаено е да имаат ниво на ензими кое варира, со периодични моменти кога е на нормала или вредности блиску до нормалните. Некои лица повеке од година дена имаат нормално ниво на хепаталните ензими а сеуште имаат хронична хепатална болест. Ако нивото на хепаталните ензими е нормално, лицата треба да го проверуваат неколку пати во тек на период од 6-12 месеци. Ако нивото на хепаталните ензими останува нормално, вашиот лекар може да проверува поретко, на пример еднаш годишно.

Дали можам да давам крв ако имам било кој тип на вирусен хепатит?

Ако имате било кој тип на вирусен хепатит од 11-годишна возраст наваму, не смеете да давате крв. Исто така и ако било кога сте биле позитивни на тестови за хепатит Б или Ц на било која возраст не смеете да давате крв, дури и ако никогаш не сте се чувствувале лошо или не сте пожолтеле од инфекцијата.

Кој треба да се тестира на хепатит Ц?

  • Лица кои инјектираат илегални дроги, вклучувајки ги и оние кои тоа го направиле само еднаш или неколку пати пред повеке години
  • Лица кои заради проблеми со коагулација биле третирани со крвен дериват произведен пред 1987 година, од кога се развиле понапредни методи за производство на дериватите
  • Лица кои примиле крв од давател кој отпосле дал позитивен резултат на хепатит Ц
  • Лица кои примиле трансфузија на крв или трансплантиран орган пред јули 1992 година, кога почнало да се спроведува потемелно тестирање на крводарителите.
  • Пациенти на долготрајна хемодијализа
  • Лица кои имаат знаци и симптоми на болест на црниот дроб (нпр. Ненормални ензимски тестови)
  • Здравствени работници по изложување на ХЦВ-позитивна крв на работното место (нпр. Убод од игла или прснување во око)
  • Деца родени од ХЦВ-позитивни мајки.
Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional