Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Храна на месецот: Киви

Ова мало зелено овошје кое потекнува од Кина има повеќе витамин C од портокалите и му помага на вашиот организам да остане здрав. Едно киви на ден е сосема доволно за да го зајакнете имунолошкиот систем и да ја подобрите работата на целото тело.

Нутриционистички факти

Во едно киви со просечна големина има:

Калории: 42 kcal

Маснотии: 0.4 g

Јагленхидрати: 10.1 g

Протеини: 0.8 g

Влакна: 2.1 g

Гликемиски индекс (GI): ниска под 55

Кивито содржи најразлични антиоксиданси, витамин C, витамин E и лутеин. Една италијанска студија покажува дека е мошне корисно во справувањето со асмата бидејќи со своето дејство ги намалува проблемите во дишењето и губењето на здивот. 

Големото количество на витамин C го прави ова овошје одлична храна за зајакнување на имунитетот, а воедно и за подобра апсорпција на железото. Корисно е за луѓето кои имаат слаби коски и најразлични ревматски заболувања. Фолната киселина која може да се најде во него е особено важна за сите оние жените кои планираат да станат мајки или пак веќе се бремени

Јадењето едно киви дневно може да помогне во превенцијата од различни типови на рак и срцеви заболувања. Бидејќи содржи мал број на калории идеално се вклопува во секој диетален режим. Освен тоа има убав вкус, па нема да имате никакви проблеми при неговата консумација. Влакната кои ги има во ова овошје помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта, но и во правилната работа на дигестивниот систем. 

Како да го изберете?

Многумина не го сакаат кивито токму затоа што избираат премногу тврди плодови кои потоа им се кисели и невкусни за јадење. Затоа пред да го купите изберете кивија кои се со средна цврстина и немаат оштетувања по површината.

Шејк од киви

Ќе ви бидат потребни 5 киви и половина литар сок од портокал. Излупете го кивито и ставете го во блендер. Откако ќе го направите каша, додадете го сокот од портокал. Овој шејк е одличен пијалак за зајакнување на имунитетот и подобрување на дигестијата.

 

.

 

 


Tyxo.bg counter