Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Цимет

Карактеристичната егзотична арома на циметот делува како магнет и магично привлекува обожаватели околу себе. Но, освен што циметот шармира со својата сладникава миризба и силен вкус, тој со години наназад се користи и како природен лек и заштитник на здравјето.

Достапен е во текот на целата година, но најпримамлив е во текот на студените денови. Може да се најде во форма на стапчиња и во форма на прав. Добрата страна на стапчињата е што имаат подолг рок на траење, но тие немаат толку силна арома како мелениот цимет во прав.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ЦИМЕТОТ

Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциумжелезо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции. Еве дел од нив:

  • Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед е не само вкусна, туку и моќна комбинација којашто се користи и како природен лек. Во текот на студените денови консумирајте една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша млака вода за да ја подобрите заштитата на телото од вируси и бактерии.
  • Ја поттикнува работата на мозокот. Истражувањата покажале дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата. Во експериментите биле користени гуми за џвакање со вкус на цимет или ароматизирани свеќи.
  • Им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Познато истражување спроведено во 2003 година со учество на луѓе кои имале дијабетес тип 2, покажало дека редовната употреба на цимет може да го намали шеќерот во крвта и лошиот (LDL) холестерол. Доброволците во истражувањето консумирале од 1 до 6 грама цимет дневно и кај нив холестеролот се намалил со 18%, а шеќерот во крвта со 24%. Докторите не препорачуваат циметот да се консумира во толку големи терапевтски дози, особено не од луѓе кои примаат лекови, но малите дози не се сметаат за штетни.
  • Помага против суво грло и сува кашлица. Потопете две стапчиња цимет во чаша ладна вода и оставете ги да отстојат неколку часа. Ваквиот пијалак содржи растворливи во вода диететски влакна кои го омекнуваат гребењето што го предизвикува сувото грло, а со тоа и ја намалуваат сувата кашлица.
  • Го става гладот под контрола. Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад. Нутриционистите препорачуваат ужина од парчиња печени јаболка зачинети со цимет, бидејќи освен циметот, и јаболката имаат многу бенефиции. Докажано е дека луѓето кои редовно консумираат јаболка, внесуваатпомалку калории и имаат помалку масни наслаги на стомакот.
  • Помага во намалувањето на менструалните болки. Жените кои секој месец страдаат од менструални болки можат да ги ублажат со редовна консумација на цимет.
  • Има позитивен ефект при запек. Циметот е одличен извор на диететски влакна кои помагаат при запек, но и при појава на синдром на нервозни црева. Се верува дека редовното внесување на мали количини цимет има позитивно влијание и при создавањето на гасови во стомакот.
  • Го зголемува нивото на енергија. Се чувствувате уморни и без енергија? Напијте се овошен чај со четвртина лажичка цимет. Тоа ќе ви ја зголеми виталноста, а може и да ви ја подобри циркулацијата. Особено е полезно за луѓе кои постојано се жалат дека имаат студени нозе.
  • Се бори против лош здив. Истражувањата покажале дека гумите за џвакање со цимет се ефективни против лош здив. Исто така, циметот во комбинација со мед и млака вода може наутро да се користи како течност за плакнење на устата. Таквиот микс го одржува здивот свеж во текот на целиот ден. Многумина тврдат дека циметот е ефикасен домашен лек и против забоболка.
  • Ја омекнува грубата кожата на стапалата. Повремено негувајте ги вашите уморни стапала со ароматизирана бања. Измешајте сок од 5 лимони, 1 лажичкамаслиново масло, половина шолја млеко, половина шолја вода и 2 лажички мелен цимет и потопете ги стапалата во течноста 15 минути.
Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional