Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Чаша вода пред оброкот ги намалува килограмите

Зимските месеци традиционално претставуваат најкритичен дел од годината, кога поголем број луѓе добиваат некој килограм повеќе, а тоа е благодарание на многуте празници, прослави, мала физичка активност... Меѓутоа, постојат некои ситни работи кои можете да ги направите за себе и да ја спречите "посетата" на горенаведените килограми. Едно од тие средства е да се напиете чаша вода пред секој оброк.

Имено, повеќето луѓе кои редовно се на диета или постојано имаат проблем со вишокот на килограми веќе сигурно знаат за тоа дека пиењето чаша вода пред оброкот го намалува апетитот и во желудникот ќе има многу малку место за храна. Дека овој "трик" е точен потврдено е и во неодамнешната студија направена во САД, во која експертите биле фокусирани на барањето на одговори на следниве две прашања: 

  • Дали овој сисмем воопшто работи 
  • Ако работи, кај кого и колку работи

И така, судејќи по студијата објавена во часописот "Дебелина" експертите од Вирџинија дошле до интересни резултати. Имено, тие следеле група на постари испитаници (од 55 години, па нагоре) кои се "изложиле" на нискокалорична диета три месеци. Е сега, за сето ова да биде "поинтересно", едната група консумирала вода пред секој оброк (околу 2 чаши), а во другата група испитаниците пиеле вода кога биле жедни (во секој случај не пред оброците). После тие три месеци, групата кои консумирале вода пред секој оброк, во просек намалиле по нешто повеќе од 7 килограми, додека другата група во просек не успеале да намалат ни 5 килограми. Разликата од 2 килограми изгледа мала, но тоа на годишно ниво изнесува 8 килограми, а се што треба да се направи е да се пие вода пред секој оброк!

Исто така, една студија објавена во 2008 година, покажува сличен ефект како и веќе наведената студија на експертите од Вирџинија, со тоа што во оваа студија експертите прецизно измериле и заклучиле дека испитаници кои консумирале вода пред секој оброк внесувале 13% помалку калории! 

Трета студија пак, објавена во 2007 година ни дава мала мистерија на сите откритија: имено, во таа студија експертите дошле до интересни резултати - пиењето вода 30 минути пред оброкот предизвикува намален калориски внес и чувство за глад, но само кај испитаниците постари од 35 години! Помладите од овие "магични" бројки не почувствувале претерана блгодет од оваа метода. Никому не му е јасно зошто е тоа така, иако се шпекулирало со фактот дека постарите особи во процент се и подобели, па дека имаат зголемен ризик од додавање на "екстра" килограми, но ништо од тоа не било потврдено, па имало потреба од нови студии.

Инаку, генерално гледано, просечната личност со "западен" стил на живот добива околу половина килограм во декември и јануари, а тоа на годишно ниво може да биде еден до два килограми. Мали трикови кои ова перманентно здебелување го намалуваат - како што е чаша вода 30 минути пред оброците - може да даде одлични резултати на подолга патека.

Затоа, внимателно за време на празниците и прославите - консумирајте повеќе вода и внимавајте на исхраната!

Tyxo.bg counter