Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Шест тајни како да го забрзате метаболизмот

Не сте задоволни со својот природен метаболизам ? Стратегиите подолу можат да ви помогнат, во еден ден да согорите повеќе калории отколку обично што трошите. 

1.Одберете протеини Протеините се основното ткиво на мускулите, а што повеќе мускули, толку побрзо се трошат калориите. 

2.Намaлете го стресот – Неможно е да се живее во стаклено ѕвоно, без грижи и стрес, но постојаната анксиозност го тера телото да произведува премногу кортизол, а постојано високата концентрација на овој хормон на стрес, го менува начинот на кој телото ги распоредува маснотиите, испраќајќи ги до делот на стомакот, каде негативно влијае на виталните органи, но и на бикини самодовербата. 
Јогата може да го намали стресот, испрќајќи сигнали до мозкот да го намали производството на кортизол. Но, постојат и многу други начини за борба против стресот. 

3. Бидете кардио фан – 45 минути кардио вежбање ќе го забрза вашиот метаболизам за 37 проценти во следните 14 часа. За време на вежбањето трошите енергија, а по вежбањето исто така трошите повеќе калории, отколку што би трошеле ако не вежбате. 

4. Вратете ги загубените мускули – Како стареете некои мускули исчезнуваат. Разноликоста на вежбите ви помагаат да ги одржите и изградите мускулите, а колку повеќе имате мускули, толку ви е побрз метаболизмот. 

5. Спијте добро – Само две непроспиени ноќи можат да го натераат телото да произведува повеќе од хормонот гхрелин, кој го поттикнува гладот. Истражувањата покажуваат дека недостигот од сон и на друг начин го нарушуваат метаболизмот, влијае на тоа телото да се потхранува со маснотии, што доведува до дебелеење. Седум до девет часа сон се потребни за да бидете здрави и убави. 

6. Јадете овошје и зеленчук – Супстанците во овошјето и зеленчукот го одржуваат вашиот метаболизам на високо ниво, додека маснотиите го забавуваат. 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

Tyxo.bg counter