Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Што да јадете помеѓу оброците?

Ви недостасуваат витамини и минерали? Со оглед на тоа што со редовните оброци најчесто не внесуваме храна со доволно голема нутритивна вредност, паметно избраната ужина може да биде ваше тајно оружје.

Наместо да посегнувате по нездрави грицки, меѓуоброците можете да ги користите за да го снабдите телото со потребните хранливи материи кои му се потребни.

Калциум

Калциумот ќе го внесете во организмот со консумација на јогурт, сирење или, пак, со шака бадеми.

Калиум

За да дојдете до овој минерал бирајте диња, цитруси и банани.

Магнезиум

Енергетските барови од житарици од цело зрно, како и семките од тиква, изобилуваат со магнезиум.

Растителни влакна

Најдобар извор на растителни влакна се свежото овошје и зеленчук, како и житариците.

Витамин А

Овошјето и зеленчукот со портокалова боја, како морковите, тиквата и портокалите, ќе ви бидат од огромна помош доколку се работи за недостаток на овој витамин.

Витамин Ц

Јагодите, црешите, цитрусите и кивите се дел од намирниците кои изобилуваат со витаминот Ц.

Витамин Е

Потребата за витамин Е ќе ја задоволите со консумирање на јаткасти плодови и авокадо.


 

 


Tyxo.bg counter