Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ѓумбир

Посебноста на ѓумбирот е во неговата егзотичност и ориенталност која го издвојува од другите медитерански зачини. Поприлично е ароматичен,со јак и остар вкус и пријатен мирис благодарение на етеричното масло. Многу се користи во кујните во Азија каде неговата важност ја надминува само солта. Спаѓа во најскапите,најбараните и комерцијално најмногу користени ароматични состојки. Неговата цена е последица на долгиот процес на зреење (5-9 месеци).

Во тропска Азија се одгледува веќе 3000 години. Ѓумбирот се користел и на Блискиот исток и во јужна Европа уште пред римските времиња. Португалците го донесле во Африка, а Шпанците го однесле на Карибите.

Ѓумбирот најмногу се произведува во Индија,каде што се троши повеќе од половина во безброј специјалитети.

Енергетска и нутрициона вредност

Корен од ѓумбир во количина од 100 грама има енергетска вредност од 80 кцал,од чиј состав е протеини 1,82 г,масти 0,75 г јагленохидрати 18 г.

Минералниот состав на коренот на ѓумбирот е многу разнолик,а во значајни количини содржи калиум,бакар,магнезиум и манган.Од витамини содржи витамин Ц,витамин Б меѓу кои витамин Б6 и во помали количини пантотенска киселина и ниацин.

Лековитост

Ѓумбирот се употребува како храна и лек со векови,со што во кинеските записи датира од 4-от век пред Христа каде е наведена неговата лековитост во лечење на мачнини,болки во стомакот, забоболка, крварење и ревматизам. Во Индија жолтиот ѓумбир се употребувал во традиционалните лечења за срцевите болести и заздравување на раните. Во азиската медецина се користи за лечење на настинки и олеснување на дишењето, го спречува згрутчувањето на крвта, го намалува нивото на холестеролот, делува против запаленија, па и на имунолошкиот систем. Ако се користи редовно го намалува хроничниот замор, го подобрува памтењето, а поради стимулативните својства не се препорачува негово користење навечер пред спиење бидејки може да предизвика несоница.

За различни намени, стандарна дневна доза ѓумбир во праф е 1-4 г,која е потребна да се зема од 2-4 дози.

Ѓумбирот е на листата ГРАС ( општо признат како сигурен ) од ФДА признаен како храна и количини кои се користат во различни медецински третмани и за прехранбени намени.

Денес во индустријата помалку се користи за производство на лекарства, но значително е застапен во производството на алкохолни пијалоци, слатки и во козметиката.


Купување и чување

Имате ли можност за избор,секогаш дајте предност на свежото наспроти сушеното. Свежиот ѓумбир најчесто се продава во специјализираните продавници за храна. Ѓумбирот на пазарот е достапен во два вида-млад и зрел. Зрелиот ѓумбир кој е пошироко распространет има цврста кожа која бара лупење, додека младиот ѓумбир не е потребно да се лупи, но може да се купи само на азискиот пазар.

Ѓумбирот во прав  секако е подостапен од свежиот,а може да се купи во сите поголеми супермаркети. Чувајте го во цврсто затворена стаклена тегла на ладно, темно и суво место. Доколку го чувате во фриждер ќе ја зголемите неговата трајност за година дена.

Само источна Азија го искористила целиот потенцијал на ѓумбирот, па освен свеж и сушен таму може да се најде конзервиран во сируп, засладен и закиселен. Се користи во јапонската кујна како важен додаток во приготвувањето на сушито.

Приготвување на јадења со ѓумбир

Неговата оштра, продорна и пикантна арома дава спечифичен вкус на јадењата од азиските кујни. Свежиот ѓумбир се користи во подготовките како во солените така и во благите јадења, давајќи лут, но и освежувачка арома во пржени јадења, супи,житарици и свежиот зеленчук. Секако нов вкус ќе даде на морските плодови,а на месото како што е од пајката и свињата ја намалува нивната мрснотија. Сушениот ѓумбир не може да го замени свежиот.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional