Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Јаткасто овошје за здравје и енергија

Јаткастите плодови се изобилуваат со здрави маснотии кои претставуваат храна за мозокот и срцето. Тука спаѓаат: лешниците, бадемите, ф’стаците, кикиритките, оревите, како и варијации на оревите како што се јапонскиот, бразилскиот и индискиот орев. За подобро здравје - експертите советуваат грст јаткасти плодови на ден.

Ореви - за холестерол
За наша среќа - ова јаткасто овошје е многу застапено кај нас. Експертите велат дека најделотворно е против намалување на нивото на холестерол, а со нивно редовно јадење холестеролот се намалува од 0.3 до 0.5%. 

Индиски ореви против умор
Изобилуваат со големи количини на железо. Ги содржи витамините Е и К. Со самото тоа што содржи железo, помага во снабдувањето на организмот со кислород - и зголемување на енергијата.  

Кикиритки - за слабеење
Мастите, протеините и влакната кои ги содржат кикиритките помагаат да се чувствувате сити - а со тоа се смалува и вашиот апетит. Истражувањата на Харвард покажуваат дека оние кои редовно јадат кикиритки имаат помали варијации во телесната тежина и побрзо слабеат. 

Ф’стаци за понизок притисок
Покрај фактот што се многу вкусни, ф’стаците содржат повеќе Калиум од бананите. Како дел од исхраната, помагаат во регулација на крвниот притисок. Сепак, оние што имаат проблеми со работата на бубрезите - треба да го ограничат конзумирањето на ф’стаци.

Лешници за здраво срце
Лешниците се богати со здрави масни киселини и природни извори на витаминот Е. Покрај тоа, содржат влакна, калциум, магнезиум, цинк, фолна киселина и биотин, кои ја подобруваат работата на срцето и го чуваат од болести. 


 

 

 


Tyxo.bg counter