Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

10 предности на јаболкото

Јаболкото, кое уште се нарекува крал на овошјето, има многу корисни особини. Иако за дел од нив сигурно веќе сте слушнале, дознајте подетално за 10-те најголеми благодети на јаболката.

Детоксикација

Комбинацијата на витамини и растителни влакна кои ги содржат јаболката ви го забрзуваат метаболизмот и помагаат телото да се ослободи од токсините. Тоа е причина зошто јаболката треба да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана.

Слабеење

Ова веројатно најмногу ќе ги интересира девојките. Да, вистина е дека ова овошје може да ви помогне да ги изгубите несаканите килограми. Како што веќе напомнавме, јаболката го забрзуваат метаболизмот, а тоа значи дека многу поголем процент од храната која ја внесувате ќе се обработи и исфрли, а мал дел од неа ќе остане да се задржи во облик на масти.

Избелување на забите

Јаболката се богати со витамин Ц, кој е неопходен за здрави и бели заби. Исто така, со консумирањето на едно јаболко се зголемува лачењето на плунка, која всушност ги чисти вашите заби.

Го зајакнуваат имунитетот

Јаболката, особено црвените, го содржат антиоксидансот кверцетин. Докажано е дека тој го подобрува имунолошкиот систем и му помага на телото побрзо да се регенерира. Затоа, уште веднаш наградете се со едно сочно црвено јаболко.

Превенција од хемороиди

Редовната консумација на овие овошки може да ве спаси од непријатниот проблем со хемороидите. Имено, јаболката се богати со растителни влакна кои ја омекнуваат столицата. Со тоа, шансите да добиете хемороиди се значајно помали.

Превенција од Алцхајмерова болест

Неодамнешните истражувања покажуваат дека консумирањето на јаболка и јаболков сок ги зајакнува мозочните функции. Јаболката можат да го забават процесот на уништување на мозочните клетки и да го одржуваат вашиот мозок во добра функција.

Штитат од рак

Една од најголемите предности на јаболката е нивната способност да се бори против сите видови на рак. Овие драгоцени плодови содржат флавонол, за кој е докажано дека го намалува ризикот од рак за 23 проценти. Исто така, тритерпеноидите, материи кои се наоѓаат во лушпата од јаболкото, даваат значајни резултати во борбата против ракот на црниот дроб, дојките, белите дробови и дебелото црево.

Го намалуваат холестеролот

Лошата исхрана и недостатокот на физичка активност кај многумина предизвикуваат нивото на холестеролот да се накачи над дозволената граница. Пектинот кој го содржи јаболкото ја намалува количината на LDL, познат како лош холестерол. Луѓето кои консумираат по две јаболка на ден може да го намалат нивото на LDL за дури 16 проценти.

Ја подобруваат функцијата на срцето

Јаболката го штитат и вашето срце. Растителните влакна и пектинот го контролираат холестеролот и ги чуваат артериите од затнување. Чистите артерии придонесуваат за добар проток на крвта и нормална функција на срцето.

Го намалуваат ризикот од дијабетес

Научниците утврдиле дека жените кои јадат по две јаболка на ден помалку се изложени на дијабетес тип 2, за разлика од оние кои не ги консумираат. Јаболката содржат одредени типови на влакна кои се неопходни за одржување на нормално ниво на шеќер во организмот, со што се намалува на ризикот од дијабетес.

Tyxo.bg counter