Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

5 Работи кои не треба да ги правите кога вежбате

Грешка бр: 1 Вежбате, иако имате болка

Многу луѓе потполно се занесуваат со вежбањето и забораваат на некои клучни принципи за сигурни вежби на телото. Вежбањето со болка е еден од најбрзите начини да развиете озбилни и трајни повреди. Многу болки лесно прераснуваат во хронични повреди кои ќе ве прогонуваат долги години. Доколку осеќате болка за време на вежбањето, застанете, одморете се и побарајте ја причината за појавата на болка. Болката е начин на кој телото не предупредува дека има проблем. Обрнете внимание на време и така полесно ќе се опоравите.

Грешка бр.2 : Игнорирање на вашата здравствена состојба

Многу е важно да ги почитувате сопствените граници и можности и да одберете вежби во склад со нив. Игнорирање на болестите на срцето или на зглобовите за време на тренингот, може само да ја влоши вашата положба. Затоа доколку страдате од било какви заболувања најдобро би било да се посоветувате со лекар или со вашиот тренер за да се осигурате дека вежбањето нема да ви шкоди. Со игнорирањето, здравствените проблеми нема да се решат, но можат повеќе да се зголемат.

Грешка бр.3 : Исти сет на вежби секој ден

Изведувањето на исти сет на вежби секој ден го зголемува ризикот од повреди, може да доведе до мускулна нерамнотежа, слабост и досада. Важно е да се внесат мали промени од ден на ден, од сезона во сезона. Крос тренинг, комбиниран тренинг за издржливост и тренинг за брзина и додавање на тренинг со тежини или јога се добар начин за одржување на формата без големи преоптеретувања на одредени групи на мускули.

Грешка бр. 4: Го прескокнувате денот за одмор

Одморот често се игнорира. Но доколку не го планирате одморот самите си ја ограничувате можноста за тренирање. Вашето тело постанува посилно после напорно вежбање, затоа треба да одвоите време за потполно изградување на мускулно ткиво. Делотворен програм ќе имате со редовен одмор и опоравување. Одморот исто така ви пружа прилика ментално и емоционално да се опоравите од вежбањето.

Грешка бр.: 5 Го игнорирате правилното држење на телото

Без разлика со каква рекреација се занимавате , користењето на неточна техника не само што ја намалува делотворноста на вежбањето, него и ве доведува од ризик од повреди. Одвоете време за да научете правилна техника било да се работи за дигање на тегови, јога, трчање или пливање. Дигање на теговите бара правилно држење, контролирани покрети и правилна тежина на теговите. Подигнувањето на теговите кои се претешки е чекор до повреди.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional