Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

6 совети за " поздраво " кафе

Кафето е пијалак без кој речиси и не е возможно да се започне денот, па кога веќе го пиеме во повеќе наврати во текот на денот, би било добро да знаеме како да го извлечеме најдоброто од него.

#1 Конвенционалното кафе е попрскано со пестициди. Постои избор за органско кафе. Дрежете се настаран од кафето кое содржи вкус, обично тие кафиња се преполни со вештачки ароми.

#2 Пијте го незасладено, размислете дали кога пиете кафе вас ви е потребен кофеинот од шољата или само сакате да ја задоволите вашата желба за шеќер преку неа. Да не зборуваме за тоа дека ќе намалите на калории не конзумирајќи шеќер.

#3 Купете си зрна кафе и сомелете го дома, доколку немате таков услов побарајте свежо мелено и пијте го што е можно побргу, ако кафето има анти-оксидантско дејство размислете колку губи со самата преработка и оксиацијата, нерачунајќи го времето кое престојувало во кесичката.

#4 Не посегнувајте по шољата повќе од 3 пати дневно.

#5 Не пијте кафе на празен стомак, кофеинот на празен стомак предизвикува лачење на на шеќерот во крвта што пак му алармира на панкреасот да ослбодува инсулин (уште една добра причина да се пие незасладено). На празен стомак ова може да предизвика и пад на шеќерот во крвта што воопшто не е добро. Кофеинот може да предизвика ситост со што телото подолго време ќе остане без храна нискиот интервал на шеќер во крвта во интервали, значи дека подоцна желбата за шеќер ќе биде уште поголема.

#6 Да, живееме во свет каде што треба да се чувствуваме виновни околу храната, не јади ова, поплека со тоа ќе те убие, не се прејадувај ќе качиш на килограми , а тоа не е здраво....и не дека сето тоа не е точно, но можеме околу секој храна да опфатиме лошо размислување и да престанеме да ја јадиме после стресни нформации, а телото кога е под стрес губи од хранливите материи. Па не чувствувајте вина воопшто направете си едно незасладено кафенце и уживајте во него.

Tyxo.bg counter