Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

"Јас сакам да бидам најдобро градениот човек на светот" - Арнолд Шварценегер

Tоа беа зборовите на малиот  13 годишен Арнолд, чии родители Густав и Аурелија Шварценегер само  воздивнле и го исфрлиле  од своите глави тоа што го слушнале. Тие отсекогаш имале свои сомнежи, но сега тие сомнежи се потврдиле. Почнале да бараат психијатар за својот син.

Но Арнолд станал сериозен. Со своите 14 години тој започнал интензивна тренинг програма со Kurt Marnul (Winer of Mr.Austria). На 15 години учел психолоија со Dr. Karl Gerstl, со цел за да дознае повеќе за силата на умот над телото. На 17 години официјално започнува со неговата кариера за да на 18 години отиде во затвор. Во ред, да бидеш уапсен не било дел од оригиналниот план но во повеќе случаи тоа не можело да се избегне. Еве што се случило: Како добар граѓанин на Австрија, Арнолд со закон морал една година да отиде во војска. Добро, тој почнал со службата во војска како возач на тенк. Му било забрането да ја напушти базата и да оди да се натпреварува на било каков бодибилдерски натпревар. И така еден ден побегнал од кампот, се качил на воз за Штудгард и освоил трофеј.

Кога неговиот надреден офицер го открил тоа, станале меѓусебно неподносливи. Пред  да каже било што во своја одбрана, бил фрлен седум дена зад решетки. Но се случила смешна работа во текот на таа недела. Офицерот кој го сместил во затвор почнал да го бара трофејот кој Арнолд што го освоил. Тоа не бил некој мал трофеј. Тоа не бил ни некој голем трофеј. Бил најголем во цела европа. Арнолд го освоил Mr. Europe Junior (јуниорски првак на Европа).

По напуштањето на војската, знаел дека ништо не може да го сопре. Во 1966 го напушта јуниорското натпреварување и влегува на големи врати. Прерано? Таа иста година го освоил Best Built Man in Europe, Mr. Europe, и International Powerlifting Championship што и не е воопшто лошо за 19 години.

Свакајќи дека добро му тргнало, се решил да одлета во Лондон и да се натпреварува на Mr.Universe. Кога би  ја освоил и оваа титула , тој дефинитивно би бил најдобро градениот човек на планетата Земја.

За време на неговото пристигнување, тој бил добро познат кај сите останати натпреварувачи и фанови од целиот свет. За првпат сватил дека станал интернационално познат. Но на ова натпреварување ќе биде поразен од Chet Yorton, кој немал само големи мускули и добра изведба, туку имал и одлична дефиниција, а неговото тело изгледало како уметничко дело.

И така, следната година, Арнолд работел како скулптор. Анализирајќи го секој дел од својата масивна градба, измислувал нови вежби за да ги подели и издефинира сите мускулни групи. Во 1967 година по втор пат ќе се натпреварува на  Mr.Universe. Со своите нови тренинг техники и изрезбано тело знаел дека ќе може да го победи Chet Yorton.

Но како да знае? Сега имал нов противник на сцена Dennis Tinnerino кој само што го освоил трофејот на Mr.America. Дури и најдобрите пријатели на Арнолд мислеле дека Dennis Tinnerino ќе победи. Но Арнолд не мислел така. Утрото пред натпреварот Dennis Tinnerino му пришол на Арнолд и го прашал како се чуствува. Арнолд се наведнал понапред, го погледнал во очи и се насмеал со стрплива крокодилска насмевка.

"ФАНТАСТИЧНО" шепнал: Ова е еден од деновите кога знаеш дека ќе победиш.

Тоа бил денот кога Арнолд научил дека е потребно многу повеќе од масивни гради и тотално изделкани мускули за да победи. Мораш да имаш најголема војла. Иако Dennis Tinnerino имал одличен настап и добро градено тело, Арнолд лесно го оддувал од сцената и на свои 20 години станал најмладиот Mr.Universe во историјата.

Арнолд го исполнил својот сон (на свои 23 години тој исполнил се што зацртал пред 10 години).

Титули кои ги има освоено во својата блескава кариера:

1965      Mr. Europe - Junior (Germany)

1966      Best Built Man of Europe (Germany) 
1966      Mr. Europe (Germany) 
1966      International Powerlifting Championship (Germany) 
1967      NABBA Mr. Universe - Amateur (England) 
1968      NABBA Mr. Universe - Professional (England) 
1968      German Powerlifting Championship (Germany) 
1968      IFBB Mr. International (Mexico) 
1969      IFBB Mr. Universe - Amateur (USA) 
1969      NABBA Mr. Universe - Professional (England) 
1970      NABBA Mr. Universe - Professional (England) 
1970      Mr. World (USA) 
1970      IFBB Mr. Olympia (USA) 
1971      IFBB Mr. Olympia (France) 
1972      IFBB Mr. Olympia (Germany) 
1973      IFBB Mr. Olympia (USA) 
1974      IFBB Mr. Olympia (USA) 
1975      IFBB Mr. Olympia (South Africa) 
1980      IFBB Mr. Olympia (Australia)

Tyxo.bg counter