Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Oна што ви недостига во тренингот за рамена

Развивањето на грбот може да биде навистина лесно. Теговите ќе придонесат во развивањето и на рацете и на грбот, но она што ќе направи добар спој на резултатите на грбот и рацете се рамената. За жал, вежбите за рамена многумина ги занемаруваат кога започнуваат со тренинг во теретана, но добро е што кога тогаш го сфаќаат нивното значење.

Прво, добро развиените рамена ги подобруваат вашите перфоманси во речиси сите вежби -подигнувања на вратило, спуштање на разбој, бенч прес, влечење на јаже за трицепс и др.

Второ, добро развиените рамена покрај сите физички предности, имаат и естетски придонес, односно, горниот дел од телот е правилно развиен и не наликува на пирамида или триаголник.

Ако веќе напорно работите на рамената и сеуште се среќавате со проблеми во развивањето, обидете се со следниве неколку вежби кои се несекојдневни, но имат голем придонес во развивањето и на најсокриените мускули во оваа мускулната група.

Еве неколку едноставни вежби кои ќе стават фокус на "заспаниот" дел од вашите рамена.

1) Trap – 3 Raises

Осигурајте се дека вашиот грб е хоризонтално поставен кон земјата. Не користете тег кој тежи повеќе од 4 килограми. Фокусирајте се на истегнување на раменото пред да го подигнете тегот на секое повторување. Со оваа вежба ќе ги ангажирате долните мускулни групи.

  • Направете 3 серии со 12 повторувања на секоја рака.

2) Scapular Dips

Користете паралелни шипки и обидете се да се задржете на врвот 1 секунда.

  • Градите треба да ви бидат исправени нанапред. 
  • Направете 3 серии со 15 повторувања.

3) Scapular Wall Slides

И за крај, оваа вежба на рамената ќе им овозможи да тренираат надворешна ротација, а вас ќе ви овозможи уште во следниот тренинг да направите повеќе и поцврсти движења. Запомнете дека сите точки на раката и дланката треба да бидат во контакт со ѕидот.

  • Направете 3 серии со 15 повторувања

 

 

Tyxo.bg counter