Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

RONNIE COLEMAN

Датум на раѓање: 13 Мај 1964 година.
Место на раѓање: Монро, Луизијана
Пораснал: Bastrop, Луизијана
Образование: Bastrop средното училиште во 1982 година, Grambling Универзитетот, 1986
Венчан за: Christine Achkar Coleman 

 Деца: Jamilleah and Valencia Daniel
 Професија: резервен полициски службеник во полициската станица во Арлингтон
 Висина:  180 см
 Тежина: (такмичарска) 135 кг (вон сезона) 150 кг
 Место на живеење: Арлингтон, Тексас

Ronnie Coleman (со полно име Ronald Dean Coleman) е роден 13 мај 1964 година во Monroeu u Louisiani (SAD), е професионален американски бодибилдер и добитник на титулата Mr. Olympije. Аплосутен е рекордер по тоа прашање (заедно со  Lee Haneyja) бидејќи ова такмичење го освојуваше секој пат кога ќе се качеше на сцената од 1998 до 2005 година. Рони е и полноправен член на организацијата IFBB-a (International Federation of Bodybuilders).

Со осум победи на Олимпија како професионален  бодибилдер, Рони држи рекорд од 25 победи на IFBB.

Ronnie Coleman дипломира со одличен успех, сметководство на универзитетот Grambling 1989 година каде играше и американски фудбал под раководство на славниот тренер Eddiea Robinsona. После дипломирањето Рони се вработи како полицаец, а и сеуште ја извршува својата должност како резервен службеник во Тексас.

Ronnie Coleman е член на неколку здруженија, а и еден од најголемите поборници нa Inner City Games-a, организација која ја  оформи во 1991 година денешниот калифорниски гувернер Arnold Schwarzenegger.  Во 2001 годин на Рони свечено му е доделена награда на тексашката морнарица од страна на тексашкиот гувернер Ricka Perryja,  за инзвонредни достигнувања во бодибилдингот и промоција на телесното здравје и фитнесот.

Неговиот тренинг се состои од обично сложени движења со слободни тежини, а многу поретко користи справи. Тренира 6 дена неделно за време на сезоната и тренинзите обично му траат максимум до 75 минути. Зависно од делот на сезоната во кој се наоѓа, Рони знае да искомбинира и 2-4 сати аеробен тренинг, најчесто на трака за трчање. Поголемиот дел од неговата исхрана е пилешко која му е неопходна за да ги внеси потребните протеини.

Ronnie Coleman внесва 400гр. протеин дневно, што е за 200гр помалку одколку во деновите, како што тој тврди, изгледаше прегломазно во ссредниот дел на телото.  Покрај протеински суплементи, Рони користи и различни суплементи како што се  Nitrix, CellMass, NO Explode i Axis-HT заедно со витамини. Во јавноста не дискутира дали користи стероиди или не, но поголемиот број на стручњаци се уверени дека сепак користи поради неговата огромна маса и малиот процент на телесни масти.

Целокупно гледано, Рони има репутација на еден од најсилните и најдисциплинираните  бодибилдери на денешницата , иако рутинирано зеде одмор од три месеци после  Mr. Olympije ( повеќе не се натпреварува на Olympiji).

Зошто Ronnie Coleman е толку славен?

Славен е бидеќи сите во светот го познаваат како одличен бодибилдер. Тој е човек кој осум пати ја освојуваше титулата Mr. Olympije како и многу други титули поради кои стекна голема слава низ целиот свет. Рони е славен и поради својот рекорд од 25 победи на  IFBB.

Зошто го сакаме Ronnie Colemana?

Го сакаме затоа што е извонреден бодибилдер и се што прави, го прави со неверојатна посветеност и прецизност. Исто така го сакаме бидеќи на сцената и надвор од неа е многу смирен човек кој верува во себе и во своите идеали. Рони е добар човек кој што сите го сакаат.

Победи:

  • 1990 г Тексас (тешка категорија и севкупен победник)
    1991 Светско Аматерско првенство (тешка категорија)
    1991 Mr. Universe


1995 Канада Про Куп


1996 Канада Про Куп


1997 Гранд При Русија

 
1998 Ноќ на Шампионите


1998 Toronto Pro Invitational


  • 1998 Mr. Olympia


1998 Гранд При Финска


1998 Гранд При Германија


1999 Mr. Olympia


  • 1999 World Pro Championships


1999 Гранд При Англија


2000 Mr. Olympia


2000 Гранд При Англија


  • 2000 World Pro Championships


2001 Арнолд Шварценегер Класик


2001 Mr. Olympia


2001 Нов Зеланд Гранд При


  • 2002 Mr. Olympia


2002 Гран При Холандија


2003 Mr. Olympia


2003 Гранд При Русија


2004 Mr. Olympia


2004 Гранд При на Англија


2004 Гранд При на Холандија


2004 Гранд При Русија


2005 Mr. Olympia

Tyxo.bg counter