Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Big Zone Carni Light II 120 капсули

Big Zone Carni Light II 120 капсули
Big Zone

Carni Light II 120 капсули

нема во моментот

Информација за производот: Big Zone Carni Light II 120 капсули

Главната состојка на Carni light e Л-Карнитинот, аминокиселина која е многу баран поради нејзината намена, да ги претвори мастите во телото во енергија. Уникатниот механизам се должи на многу комплицирани хемиски процеси на ниво на клетка, при што се постигнува пренесување на масните киселини до митохондриите. Со ова започнува процесот на оксидација при што се разградуваат масните киселини и ослободуваат енергија. Заедно со тоа Л-Карнитинот се поврзува со токсичните отпадни продукти на метаболизмот и помага да бидат изнесени надвор од митохондриите. На овој начин добиваме трансформирање на мастите во енергија и одделување на отпадните производи. Л-Карнитинот се синтетизира главно во црниот дроб и мал дел во бубрезите. Се наоѓа во сите ткива, а неговата највисока концентрација е во скелетната мускулатура. Друга предност на оваа аминокиселина е дека при употребата му се зголемува снабдувањето на кислород до мускулите и обезбедува енергија, без д постои разградување на белковините. Зголемувајќи го количеството на кислород значително се зголемува мускулната сила и потенцијал. Кога организмот е подложен на кардиоваскуларен тренинг, 50% од употребената енергија доаѓа од масните клетки, додека пак при анаеробно оптеретување процентот е поголем, 80%. Мускулите што работат постојано, се хранат од енергија главно од пазградување на мастите, што значи дека не можат да функционираат без Л-Карнитин. Ова го прави Л-Карнитинот соодветен при кардиоваскуларни и анаеробни вежби и како доста популарен производ при бројни спортови. Оптимален ефект може да се осети во комбинација со протеин, со што освен испорака на енергија се обезбедува заштита од разградување на белковини.

Состав:

Доза:1 таблета

Дози во паковање:120



Состав:

100 гр.                            1 капсула:

Eнергија

Калории

903 КЈ                                  8 КЈ

212 Kcal                               2 Kcal

Протеини

13,6 гр.                               125 мг.

 

 

Л-Карнитин

 

37 гр.                                 340 мг.

 

 


Употреба:

За луѓе кои не спортуваат, препорачаната доза е од 1 до 3-4 гр. дневно. За тие што се занимаваат активно со спорт оптималните дози се во границите од 4-5 гр. дневно.

Земете по 3 капсули Carni Light  наутро и 3 капсули пред тренинг. Може да се земе и 9 гр. но 10 гр. не се препорачливи за организмот, поради што постои и опасност дури и за исклучиво здрави лица. Препорачливо е да почне со прием на Л-Карнитин со 1 гр. дневно и постепено да се увеличува количеството, но и постојано да се контролира како организмот ќе реагира на соодветни дози. За оптимален резултат треба да се знае дека неговата концентација во крвта е најголема 4-6 часа по приемот што  води до заклучик дека приемот треба да е 3-4 часа пред физичкото оптеретување.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional