Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Big Zone Pure Creatine 500 гр.

Big Zone Pure Creatine 500 гр.
Big Zone

Pure Creatine 500 гр.

Цена 790.00 MKD

Kоличина:

Информација за производот: Big Zone Pure Creatine 500 гр.

Креатинот е природна материја која помага во надополнување на аденозин трифосфатот (АТР), молекул која им дава на мускулите експлозивна енергија. Голем број на студии укажале дека суплементацијата со креатин ја подобрува излезната мускулна моќ и издржливост, ја подобрува синтезата на нови протеини и помага во добивањето на поголеми мускулни клетки. 

Едноставно кажано, креатин монохидратот може да ви помогне во зголемување на мускулите и силата, за подобра мускулна напумпаност и ефикасни поинтензивни нивоа на тренинг.

Човечкото тело има специјална резерва од т.н. “брза“ енергија содржана во аденозин трифосфатот (ATP). ATP се состои од молекул на шеќер прицврстен од едната страна на базата (алкал), а од другата на синџир од три молекули на фосфати (оттаму и називот трифосфат). Под дејство на специфичен ензим, ATP ја кине врската со еден фосфатен молекул и преминува во аденозин дифосфат ADP. Со кинењето на оваа хемиска врска сеослободува инстант енергија во мускулите.  

ATP не е наменет континуирано да го снабдува организмот со енергија потребна за метаболичките процеси. Тој претставува специјална резерва за моменти кога е потребен брз прилив на енергија. Затоа, организмот има само ограничена количина на ATP, која може да се обнови со метаболизирање на храната, но тој процес е долготраен. Интензивен физички напор, распореден во тек на одреден временски период (како што е дигањето тегови, фудбалски натпревари или други натпреварувачки спортови), може да доведе до недостаток на ATP во организмот, при што организмот произведува млечна киселина, супстанција која предизвикува мускулите да “горат“и да се чувствува умор и вкочанетост после интензивно вежбање.

Креатинот помага да се обнови ATP, а со тоа и резервите на “брза“ енергија, врзувајќи ги фосфатните молекули ослободени од ATP и формирајќи фосфокреатин.

Pure Creatine на Big zone е изработен од чист, микронизиран  креатин монохидрат со кој ги добиваме следните бенефиции:

  • 100% чист
  • Зголемена сила
  • Подобрено закрепнување
  • Волумизирање на клетките
  • Максимална хидратација на клетките

Состав:

Креатин монохидрат

100%  креатин монохидрат

Употреба:

Најдобри резултати се постигнуваат кога креатинот се внесува во две фази. Првата фаза се препорачува за секој кој зема креатин за прв пат. Во оваа фаза имаме фаза на " полнење " на мускулите со креатин. Оваа фаза трае 4-7 дена и се замеаат 20-30 гр. на ден најдобро со вода или со овошен сок. После тоа започнува вторат фаза и се земаат два пати по 5-10 гр. на ден или (0,03 гр, на килограм тежина. Постои и друг метод за усвојување на креатин, при кој не се спроведува полнење а се започнува со  дози од 5-10 гр. секој ден. При оваа опција повторно  ќе ги постигнете саканите резултати, но со фазата на "полнење" со креатин резултатите се побрзи. Препорачливо е креатинот да се комбинира со прости јагленихидрати (како сок) и да се зема половина час пред вежбање. Најчеста еднократна доза е 3-5 грама.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional