GLADIJATORI

ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ, СУПЛЕМЕНТИ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА, НАЧИНИ НА ХРАНЕЊЕ, ПРОГРАМИ ЗА НАЧИНИ НА ТРЕНИНГ ВО РАЗЛИЧНИТЕ СПОРТОВИ, ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИ И КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА.

You are currently browsing the ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА category.

Нане и Алое Вера

Со примената на алтернативната медицина можеме да добиеме корисни совети како да го подобриме своето здравје.

Еве неколку совети: доколку имате проблеми со варењето на храната користете чај од нане, за подобрување на меморијата и концентрацијата користете чај од рузмарин, за смирување на опекотините и убоди од инсекти користете алое вера, за смирување на сувата кашлица и воспаление на грлото користете чај од мајчина душица, за избелување на заби и ублажување на воспаение на грло користете жалфија и за повраток на концентрацијата  и смирување на нервите користете босилек.

Нане


Нането го има речиси насекаде низ цела Европа. Познато е по својата миризба и лековити својства. Може да се најде насекаде и секогаш да биде во дофат на секому. Може да се користи во исхраната, поради тоа што има посебен миризба на храната и дава подобар вкус. Нането како лековита билка се користи и за производство на чај. Чајот од нане ги смирува болките во стомакот, ги смирува нервите, го олеснува варењето итн. Постојат два вида на нане. Едниот вид на нане е познат како “Мента” или  “Пепер-минт”. Овој вид на нане е многу лут затоа што содржи многу есенција. Обичното нане е со поблаг вкус за разлика од др.вид на нане, лисјата му се потркалезни и како што напоменавме претходно се употребува во кујната бидејќи има пријатен мирис и вкус.

Алое вера


Оваа билка содржи биогени стимулатори кои ја потикнуваат  животната активност на клетките. Активните состојки во вид на провидна желатинска смеса се наоѓа во длабоките слоеви на листовите. Алое верата покрај имуностимулативното, бактерицидното и регенеративното дејство има и многу други дејства како што се смирување на изгореници и убоди од инсекти. Содржи околу 204 хранливи и лековити состојки.

http://www.gladijatori.com/nane_aloe-vera

Posted 3 years, 5 months ago.

4 comments

Црн чај

Црниот, зелениот и белиот чај се подготвуваат од листовите на чајната билка (Camellia sinensis).

Што треба да знаеме за црниот чај и зашто е добро да го пиеме?
Листовите од чајот се собираат внимателно и се оставаат да ферментираат природно. За трите видови чај се селектираат различни делови од растението, во различно време од годината и се оставаат да ферментираат во различен период.

Црниот чај има горчлив вкус. Првите неколку голтки обично не се многу пријатни за оние кои прв пат го пробуваат. По првите неколку чаши ќе се вљубите во него. Заедно со млеко, малку изладен и засладен со мед или шеќер, црниот чај е прекрасен пијалок кој секој треба да го проба.

Кои се лековитите својства на црниот чај ?

  • Црниот чај содржи големо количество на витамини Ц и Е и е силен антиоксиданс. Тој се бори против стареењето додека се пие и кога се применува на кожата. Можете да си направите компресии со мали кесички врз лицето за да ја тонизирате кожата и да ги отстраните сенките под очите.
  • Црниот чај е погоден за ослободување од стресот. Луѓето кои често конзумираат црн  чај стануваат полесно прилагодливи кон стресните ситуации. Поради истата причина полесно преминуваат и во процес на релаксирање.
  • Црниот чај делува поволно на функцијата на желудникот, го активира метаболизмот и ги смирува стомачните болки.
  • Црниот чај е ефикасен кај луѓето со низок крвен притисок, но бидејќи содржи кофеин, со него треба да внимаваат луѓето со висок крвен притисок.

Во секој случај, една шоља црн чај е многу здрав и убав почеток на денот.

Posted 3 years, 5 months ago.

3 comments

БРОКУЛА – ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕ

Брокулата не штити од многу здравствени проблеми и многу нутриционисти сметаат дека наместо на пазарите можи слободно да се продава и во аптеките. Брокулата е зеленчук број еден против ракот. Го спречува развојот на различните видови на малигни тумори, особено на дојката, бели дробови, дебелото црево, желудникот и мочниот меур, што беше потврдено и во многу различни студии. Големата антикацерогена моќ на брокулата се заснова на високата содржина на двата анти-канцер состоји: sulforaphane и indole.  Индоли го поттикнува телото да произведува ензими кои го неутрализираат заштитниот ефект на естроген, женски хормони, кој го забрзува растот на туморот поврзан со хормоналната активност (спречување на рак на дојката). Исто така, спречува канцерогени кои ја оштетуваат ДНК. Sulforaphane ги спречува штетните ефекти на канцерогени агенси на здравите клетки. Нејзината  анти-канцер моќ доаѓа и од високата содржина на витамин Ц, бета каротен, антиоксиданси и други како глутатион, Quercetin, лутеин, glukarat кои ги неутрализираат слободните радикали.

Брокула се сојузник на имунолошкиот систем. Тие се многу богати со витамин Ц, 200 грама варена брокула ги задоволува дневните потребите  на витамин Ц. Ова ја прави  непријате на настинката (витамин Ц го намалува времетраењето и интензитетот на симптомите на настинка.

Почнувајќи од каротенот, организмот го синтетизира витамин А, кој ги неутрализира слободните радикали, кои покрај останатото ги уништуваат и епителни клетки на слузницата кои се прва пречка на имунолошкиот систем во одбрана против инфекциите.

Билните остатоци на брокулата – целулозата и водата – после  процесот на варење во тенкото црево делуваат како сунѓери, олеснување на дефекација, и на тој начин го спречуваат запекот, дивертикулозата и рак на дебелото црево. Го намалуваат нивото на холестеролот во крвта,ја помагаат детоксикацијата на организмот и го погодуваат отстранувањето на штетните отпадни материи кои предизвикуваат болест и оштетување на кожата и косата.

Благодарение на големата заситеност (поради целулозата) и ниската енергетска вредност: таа содржи само 5% шеќер, без маст .. само 15 калории на 100гр брокули, помага во контролирањето на телесната тежина.

Брокулата е зеленчук кј се јаде  првенствено во текот на зимата. За дас се искористат што подобро нејзините нутриционистички вредностио при купувањето одберете брокула со темно зелен цвет бидејки тие содржат повеќе витамин Ц Брокулата е најдобро да ха приготвите истиот  ден кога ќе ја купите.Во фрижидерот може да се чуваат најмногу до пет дена, но препорачливо е да ја обарите многу кратко во малку солена вода. Најдобро е да се готви на пареа или малку да се запржи бидејќи при подолго готвење имаме дури 60% загуба на витаминотЦ.Најдобро е кога се комбинираат со храна богата со биотин (витамин Б), како што се сојата, пченицата, пченката.

http://www.gladijatori.com/Brokula

Posted 3 years, 5 months ago.

1 comment

АНТИБИОТИЦИ ОД ПРИРОДАТА

Без антибиотиците денес не би можеле да излеземе на крај со многубројните болести, но се повејќе се зборува и за благотворните дејства на лековитите растенија и природните супсранци, од кои некои со големо право се нарекуваат и природни антибиотици.

Дојде крај на времето во кое слепо им верувавме на синтетичките антибиотици, и вејќе во нивната примена станавме повнимателни и совесните медицински службеници не предупредуваат дека земањето на антибиотици кај најголемиот дел инфекции не е препорачлив.

Нуспојавите на синтетичките антибиотици воопшто не се безопасни. Да се потсетиме накратко што се антибиотици и како делуваат.

АНТИБИОТИЦИ И НУСПОЈАВИ

Откривањето на пеницилинот во 1928 година ја воведе една од најголемите појави во историјата на медицината.Делотворноста на пеницилинот и хемиските антибиотици кои после тоа се развија потполно го уверија светот на медицината во фактот дека заразните болести еден ден можат да се искоренат. Тие помогнаа, да некогаш многу проширените зарази, како туберколозата, да ги направи скоро безопасни. Но денес се повејќе се ги напајѓа, воглавно бидејќи со години лесно им се пристапуваше.Беа препишувани кај полесни болести па бактериите стаанаа поотпорни. Исто така, многу делотворен ‘‘општ напад‘‘ на антибиотици во нашето тело доведува и до несакани резултати; пораст на глисти во дебелото црево  вагината се попратни дејства. Во некои случаи антибиотиците директно го спречуваат имунолошкиот одгаовор на нашиот организам така што ги успоруваат телесните реакции и делотворноста на белите крвни тела. Потоа, човечкото тело удомува милиони корисни бактерии – само во подрачјето на устата, грлото и носот има околу 50 милијарди – кои не штитат од инфекции. Земањето на антибиотици во поширок спектар го руши тој еколошки состав и не прави нас поосетливи на инфекции. Така доаѓа до хронична одбрамбена слабост на организмот и поголеми можности за зараза од бактерии, вируси  и глисти. Исто така антибиотиците можат да придонесат и до тоа да хранливите и корисни работи потешко се апсорбираат во црвата. Тоа посебно се однесува на Витамините Б, Витамин А, цинкот и магнезиумот. Ако антибиотиците покрај тоа предизвикаат и пролив, тогаш губитокот на хранливи работи  ќе биди уште поголем.

ЗДРАВА АЛТЕРНАТИВА

Во потрага за можна замена, лујѓето се повејќе се потсејќаат на лечењето со лековити билки и други природни постапки. Во аптеката на природата мајка голем е бројот на лековити билки прикладни за спречување и лечење на секакви болести. Многу лековити билки ни се на располаѓење а некои многу често ги користиме и како зачини и во припремањето на многу јадења (кромидот, мажуран, мајчина душица и многу други). Природни антибиотици ни подаруваат и папратот, алгите, печурките и некои бактерии (оние кои го киселат млекото, зелката и оцетот).

Значи, да ги запознаеме некои природни антибиотици кои можиме да ги најдиме во природата, на пазарот и во некои билни аптеки.

БРУСНИЦА

Активни состојки; содржи органска киселина (јаболкова,  лимонска, кининска, бензоична, хипурична) проантоцијанидна (ОПЦ) единствени за овај плод. И овозможуваат да делува како анти-адхерентни фактор кој инхибира адхезија (врзување) на патогените бактерии во уриниот канал. Дејство: го поттикнува чистењето на мокрачата, и поможва во случај на инфекци. Можи да се користи превентивно и за чување на здравјето на мочните канали. Спрема најновите истражувања природните екстакти на брусницата делуваат антибиотиски на инфекциите, без опасност од развој на отпорноста на организмот спрема лекот или појавување на габи кои се последица на честото користење антибиотици. Се препорачува: поради висок удел полифенола вејќе подолго време да се користи во лечење на разни внатрешни инфекции. Нејзините антиоксиданти успешно делуваат и за превенција од разни болести.

ЦИМЕТ

Активни состојки; танин, алдехид, еугенол.

Дејство: ги ублажува болките, против запалења и антивирусен ефект. Според некои научни истражувања,

маслото од циметот можи да ги неутрализира дури и бактериите кои предизвикуваат тифус.

Се препорачува:

Во природната медицина се користи поради некои антимикробни својства, но и како репелент за инсекти. Тие својства овозможуваат и долготрајно складирање на циметот. Исто така се користи и против висок притисок, надуеност, но и според неодамнешната студија можи да послужи како превенција или одложување на појавата на дијабетис. Започнаа клиничките студии, а научниците се согласуваат дека пациентите со дијабетис од типот 2 да им се подобри состојбата при дневно конзумирање на инсулинот- само еден грам вистински цимет дневно можи да го намали шеќерот во крвта.Есна чајна лажичка содржи 5 грама. Пред тераписката конзумација обавезно советувајте се со својот матичен доктор или нутриционист. Циметот поможва во лечењето на грлото, бронхитисот и запалење на увото.

Дозирање: 3 капки, 3 пати на ден во текот на една недела со вода и шеќер.

Внимание: Пожелно е да се избегнува во текот на бременост, особено во првите месеци.

КРОМИД

Активни состојки: сулфурни супстанции, алицин.

Дејство: антисептичко, антибиотиско, антимикотско, имуностимулативно.

Кромидот дејствува и на HELICOBACTER PYLORI, бактерија која можи да предизвика чир на желудникот кој можи и да го поттикни створањето тумор на желудникот.

Се препорачува: за лечење бронхитис, настинка, кашлица, зголемена телесна температура, болки во грлото, како и во случај на склоности кон инфекции. Исто така е многу ефикасен и за превенција во лечењето. Со често јадење на кромидот успешно се бориме против бактериските и вирусните заразни болести, нарочито против грипот.

КАМИЛИЦА

Активни состојки: Римската камилица содржи гермакронолиди, флавоноиди и етерични масла. Германската камилица содржи бисаболане, флавоноиди, кумарине и фенолна киселина. Највпечатливата  разлика меѓу камилиците е етеричното масло- римската содржи прозирно масло богато со естери, додека тоа кај германската камилица е со плава до плаво-зелена боја.

На пазарот постојат два типа на ете рични масла- германска камилица-унгарски тип, која содржи повејќе  камазулена  (5-22%) и египетски тип, кој содржи помалку камазулена (2-5%).

Дејство: делува антибактериски и ги ублажува воспаленијата, благо ги смирува и опушта. Маслото од камилица има и докажано својство во уништувањето на габи.

Се препорачува: за ублажување на акутнато воспаление на слузницата во желудникот и цревата,кај гастритисот, за воспаление на грлото, за инхалација кај кашлицата и запалење на носната шуплина, за надворешна употреба кај рани кои тешко зараснуваат. Поради благото дејство погодна е и за лечење на децата.

ПРАВ ОД КАМИЛИЦА;

Сувата камилица се мели и добиениот прав го мешаме со мед- болниот зема 1-2 големи лажици наутро и навечер. Постапката трае подолго време. Со оваа постапка успешно се разредува слузтта во дишните патишта и полесно се кашла и се исфрла насобраниот шљам.

ЛУК:

Aктивни состојки: содржи околу 0,01% етерично масло, пред се од алин, алицина и полисулфиден.

Состојката која предизвикува солзи е пропантиалоксид. Лукот содржи цела низа на витамини (А,Б,Ц), минерали и елементи во мали траги  (калциум, калиум, железо, сулфур, јод, силициум). Флавоноидите се наоѓаат во лушпата.

Дејство: лукот го поттикнува лачењето на мокрачата, го намалува шеќерот во крвта, делува антиалергиски, антисептично и спречува инфекции.

Се препорачува: за намалување на високиот крвен притисок и зголемениот холестерол во крвта, а спречува и атеросклероза. Помага и кај бронхитисот и асмата.

СИРУП ОД ЛУК

Се зама килограм исечкан лук, пола килограм мед или кафеав шеќер, а по потреба се додава и многу малку вода. Се готви на тивок оган додека не се згусти. Се собира во тегли или шише и добро се затвора за да може да трае подолго време. При настинка се зема секој сат по една голема лажица, а тој сирум ке го спречи и напредокот на болеста. Вкусен е и со задоволство го земаат децата.

ЧАЈ ОД ЛУК

Сварете 4-5 големи главици лук во 2 литри вода со ¾ шољи мед. Нека се вари 1,5-2 саати, а и повремено мешајте. Земајте толку често колку што мислите дека вие потребно. Пијте го топло.

МАЈЧИНА ДУШИЦА

Активни состојки: флавоноиди, фенолна киселина, танин, тимол (есенцијални масла од фенол кои имаат антибактериско дејство).

Дејство: антисептичко, антибактериско.

Се препорачува: за лечење од настинка, кашлица, асма, бронхитис, грип, синуси, запалење на плуќата и грлото.

Дозирање: 30 капки тинктуре 3 пати дневно.

КУПКА ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА

Во када со топла вода се става рака мајчина душица и во таа вода да се остани 20 минути. Потоа без да се бришете легнете в кревет, добро покријајте се и отанете така 1 саат. Купката е делотворна во лечењето на лечење на заболените дишни органи.

МАЖУРАН

Активни состојки: есенцијално масло, ароматични компоненти.

Дејство: антибактериско, фунгицидно (против габично), антивирусно, антиоксидациско. Мажуран има два до три пати појако антиоксиданско дејство отколку другите билки, значи, поефикасен е во борбата против слободните радикали, што е многу важно во уништувањето на многу болести, посебно кардиоваскуларните и цереброваскуларните.

Се препорачува: како помош при искашлување, против грчеви, при запалење на синусите (особено хронични), против болки во грлото, неспецифични запалења на увото, настинки, вирози, грип, запалење на мокрачниот меур.

ЧАЈ ОД МАЖУРАН

1-2 чајни лајчиња мажуран ги преливаме со ¼

зовриена вода, го оставаме да постои 5 минути и го зедиме. Пиеме мали голти, 1-2 шољи дневно. Со овај чај можиме да лечиме грозница, настинка и запалење на носната шуплина, го плакниме носот однадвор и однатре, во чајот натопуваме вата и ја ставаме во носот, а на носот ставаме облоги од мажуран.

ПРОБИОТИЦИ

Активни состојки: Пробиотиците се разликуваат од обичниот јогурт, бидејќи им се додани високи концентрации на пробиотички бактерии. Најчесто се додаваат Bifidobakterium и Lactobacillus acidophilus (acidofil) te Lactobacillus rhamnosus односно LGG. Тие производи, освен споменатите ‘‘корисни‘‘ бактерии, содржат и многу други важни и корисни состојки како што се: витамини Б комплекс, витамин К, фолна киселина, ензими и протеини, калциум.

Дејство: На сите им е познато дека јогуртот е хранлив продукт кој поволно делува на организмот. Многу позитивни работи во јогуртот потекнуваат од присуството на зиви бактерии млечно-кисели вренја. Во текот на процесот на ферментација тие бактерии го претвораат млечниот шеќер лактоза во млечна киселина при што се добива карактеристичен вкус и конзистензија на производот. Јогуртот е исто така многу полесен за варење и им се препорачува на особи кои имаат мањак на лактоза, ензими кои го зрпат млечниот шеќер лактозата, а и на белковините во јогуртот делимично им се менува структурата па се посварливи. Пробиотиците има дејјство на природни антибиотици бидејќи го спречуваат растот и развојот на различни бактерии (Escherihia coli, Salmonella, Shigellae) и посебно ефикасно делуваат на бактеријата Candidu albicans.

Се препорачува: за зајакнување на одбрамбениот систем, кај пореметеното варење поради неправилна и нередовна исхрана, стрес и исцрпувачки диети, за ублажување на цревните тегпби ( пролив, надуеност, грчеви, запек), кај проблеми со желудникот (гастритис, чир), кај габични запалења на кожата и слузницата, кај пореметувања на флората на цревата послем терапија со антибиотици.

ПРОПОЛИС

Активни состојки: флавоноиди, билна смола, балзам, восок, есенцијални масла, полен, масти, аминокиселини, естери.

Дејство: антибактериско, антивирусно, противгабично. Како пророден антибиотик, прополисот делува само на патогените бактерии, а притоа не ја уништува сапрофитската флора на организмот. Ги уништува дури и оние бактерии кои се отпорни на многу други антибиотици.

Се препорачува: за лечење од инфекции на горните дишни патишта и усната празнина, запалење на увото, за спречување на компликации кај заболување на плуќата, кај болести на забите и устата, кај кардиоваскуларни болести, за заштита на џигерот, за регенерација на оштетеното ткиво, за лечење на рани, против замор и грип.

http://www.gladijatori.com/Antibiotici

Posted 3 years, 6 months ago.

4 comments

Жен-шен за животна сила

Меѓу природните средства, како најсилен имуностимулатор што ја поттикнува имунолошката заштита на организмот во борба со вирусните и бактериските инфекции е ехинацејата. Тоа е диворастечко растение од Северна Америка што со векови го употребувале староседелците за лекување на инфективните заболувања и за забрзување на процесот на оздравување на заболените. Во 1916 година науката првпат го докажала имуностимулирачкото дејство на ехинацејата. Со многу експерименти, меѓу другото, е докажано дека екстрактот од ехинацејата ја стимулира синтезата на материјата гама-интерферон. Таа материја е неопходна на организмот во борбата против вирусните инфекции. Екстрактот од ехинацеја може да се набави во продавниците за здрава храна, како и во аптеките како медикамент што го содржи екстрактот од ехинацеја. Се препорачува екстрактот од ехинацеја да се земе веднаш штом се појават симптомите на настинка или грип. Во северниот дел од Кореја луѓето уште пред новата ера го собирале коренот од растението жен-шен и со него си го подобрувале здравјето. Од 17 до почетокот на 20 век, во периодот на владеењето на династијата Цин, собирањето на корените од жен-шен било строго контролирано од државата и собирачите на жен-шенот морале да носат специјални униформи. Во 18 век е утврдено дека жен-шенот со имуностимулирачкото својство и воопшто како лековито средство им било познато и на староседелците на Канада и Америка, каде што имало статус на т.н. \\\”корен на животот\\\”. За разлика од другите слични имуностимулатори, жен-шенот се покажал како препарат што ја зголемува и подобрува човековата работоспособност и животната сила без какви било несакани штетни дејства на организмот. Уште пред неколку илјади години кинеските лекари знаеле дека жен-шенот ги подобрува умствените способности на човекот. Тоа денес и научно е потврдено, како и фактот дека жен-шенот ги намалува потребите на организмот од кислород во услови на низок атмосферски притисок и дека ги регулира процесите што се битни за оптимална функција на човековиот нервен систем. Затоа препаратите со жен-шен им се препорачуваат на космонаутите, нуркачите, врвните спортисти и на луѓе што имаат исклучително тешки физички и умствени активности.

За корисните својства на жен-шенот во Европа се дознало дури при крајот на 18 век, но денес тој е наменет како стимулирачко средство за здрави, но и за болни луѓе со белодробни, бубрежни, автоимуни и други заболувања. Жен-шенот се користи за надминување на половите нарушувања кај мажите и жените, како и за надминување на импотенцијата. Од клинички и фармаколошки испитувања е утврдено дека уште едно растение во вид на сув екстрат од неговиот корен е силен адаптоген и имуностимулатор. Тоа е елевтерокок, наречен \\\”сибирски жен-шен\\\”. Тој е корен од еден бодлив даб што го има на Далечниот Исток и на јужниот дел на островот Сахалин. Корените од елевтерококот содржат биоактивни материи што во вид на екстрат видно ја зголемуваат умствената и физичката работоспособност и способноста за концентрација. Тој дејствува стимулирачки на централниот нервен систем и создава услови за брзо надминување на последиците од хроничниот стрес, нервно-психички растројства и нервози и корисен е за надминување на проблемите во климаксот. Елевтерококот му помага на организмот да се стабилизира по тешките заболувања и оперативни зафати и видно го зголемува имунитетот. Ефикасен е во нормализирањето на нарушениот крвен притисок (висок или низок).

Млечно-киселинските бактерии од јогуртот и киселото млеко не само што го подобруваат процесот на оптималното варење на храната туку тие ги ослободуваат антибиотските материи што го намалуваат штетното дејство на присутните патогени микроорганизми во гастроинтестиналниот тракт и ја стабилизираат имуната заштита на организмот. Јогуртот и киселото млеко се препорачува да ги консумираат луѓето од сите крвни групи. Зелениот чај содржи околу 130 супстанции што дејствуваат корисно на организмот и затоа треба редовно да се консумира бидејќи го стимулира имунитетот.

http://www.gladijatori.com/Zen_Sen

Posted 3 years, 6 months ago.

2 comments

Витаминот Ц – Незаменлив Чувар

Аскорбинската киселина (витамин Ц) има незаменлива улога во чувањето на здравјето на луѓето, во продолжување на животниот век, го забавува процесот на стареење, а го одржува и потребното ниво на менталната и физичката кондиција. Затоа неопходно е витаминот Ц да се внесува во текот на целата година. За разлика од животните човекот не може во организмот да ја синтетизира аскорбинската киселина, па мора да ја внесува со храната. За негова целосна ресорпција во дигестивниот тракт голема улога има и цинкот. Иако е откриен околу 1930 година, неговата важност е забележана одамна, уште во почетокот на 16 век кога лекарите опишувајки го скорбутот, всушност и незнаејки ги откриле последиците од недостаток на витамин Ц. Иако важноста на тој витамин општо е позната и докажана со долгогодишни испитувања, сепак денес е многу чест неговиот недостаток во секојдневната исхрана. И затоа е потребно секогаш одново да се нагласува потребата организмот да биде секогаш обезбеден со доволни количества витамин Ц. Само така многуте метаболички функции во кои тој учествува течат непречено, а нашето здравје ќе остане зачувано.

Кога е ладно сите и без посебни совети од лекар ќе земеме витамин Ц како средство кое ќе не одбрани од настинка или ќе ги ублажи нејзините симптоми. Значи, свеста за тоа дека витаминот Ц ги зајакнува одбранбените сили на човечкиот организам општо е присутна. Научните докази зборуваат за заштита на ќелиите заради неговото силно антиоксидативно дејствување, што ги спречува разорувачкуите ефекти на слободните радикали. Тие засилено се создаваат кај разни заболувања и рани, стрес пушење и пиење алкохол. Покрај тоа витаминот Ц ќе го спречи создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини, кои настануваат во желудникот и во цревата со разградување на храната (особено конзервираната). Нивната постојана присутност може на крајот да доведе и до создавање карцином. Значајна е и улогата на витаминот Ц заедно со цинкот во синтезата на колагенот, влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволно количество витамин Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и појаки.                                                                                           

Витаминот Ц силно дејствува врз високите концентрации на холестерол во крвта намалувајќи ги за 10%-20%. Врз нормалните концентрации на холестерол не дејствува. Ја засилува ефикасноста на имунолошкиот систем. Делотворен е во превенција против разни вируси и бактериски инфекции.

Витаминот Ц како суплемент се јавува во повеќе облици, како цврста кристална аскорбинска киселина, естерифициран облик, ретард(депо) облик и во облик на сируп.

Се разбира дека депоформите се најдобри за човекот, посебно оние што се во комбинација со цинк, кои овозможуваат константно ослободување во текот на целиот де н, подобра апсорпција и подобро искористување. Тоа овозможува производот да се консумира само еднаш на ден, доза доволна за задоволување на дневните потреби за витамин Ц. Не е потребно дополнително внесување витамин Ц заради целосната ресорпција на активната супстанција и што е најважно не го дразни желудникот. Истражување на научници сугерираа дека со помош на витамин Ц може да се подобри трансформацијата возрасните клетки во матични клетки кои по карактеристиките одговараат на оние што потекнуваат од ембрионот. Според зборовите на истражувачите, возрасните клетки може да се репрограмираат во матични клетки преку активација на избрана група гени. Овие наоди би можеле да имаат големо влијание врз полето на регенеративната медицина.


http://www.gladijatori.com/universal-nutrition-vitamin-c-500-mg._p204.html

Posted 3 years, 6 months ago.

6 comments

Лешникот против вишок на желудечна киселина

Ако имате вишок на желудечна киселина, земете повремено по некое зрно лешник, тој ќе го впие вишокот на киселината, а истовремено ќе ја ублажи и гладта.

http://www.gladijatori.com/lekovi_od_prirodata

Posted 3 years, 7 months ago.

2 comments

ГЛАДИЈАТОРИ – ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА

ЛЕКОВИ ОД ПРИРОДАТА, ЛЕКОВИ И РЕЦЕПТИ ОД ОВОШЈА, ЗЕЛЕНЧУЦИ, ЖИТАРИЦИ, СЕМИЊА, БИЛКИ И МНОГУ ДРУГИ РАСТЕНИЈА.

Posted 3 years, 7 months ago.

1 comment