GLADIJATORI

ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ, СУПЛЕМЕНТИ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА, НАЧИНИ НА ХРАНЕЊЕ, ПРОГРАМИ ЗА НАЧИНИ НА ТРЕНИНГ ВО РАЗЛИЧНИТЕ СПОРТОВИ, ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИ И КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА.

You are currently browsing the КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА category.

Maска од квасец

Потребни состојки:

- 4 лажици пченкарно брашно

- 3 дл млеко

- 1 лажица масло oд пченка

- 2 – 3 капки есенцијално масло од роза

Пченкарно брашно се меша во млеко и се загрева над  пареата на топлата вода 20 – 30 минути. Млекото не треба да се прегрее. Откако ќе отстои  неколку часа,  млекото се процедува , се  додава пченкарно масло масло од роза .Млекото за чистење на лицето се чува во фрижидер и се користи  во рок од седум дена.

http://www.gladijatori.com/maska_od_kvasec

Posted 7 years ago.

1 comment

Maска од глина

Основната функција на маскaта е извлекување на токсините од кожата. Малите кристали од различни  минерали од глина имаат способност да ги апсорбираат врз себе  органските молекули, мастите и метаболичките отпадоци. Примајќи на себе такви молекули глината истовремено отпушта олигоелементи (метали како цинк, железо, манган, …) и на тој начин го подобрува метаболизмот на клетките на кожата. Така да со маските:

- Ги извлекуваме  токсините од кожата, вклучувајќи го и вишокот на масти
- Му даваме на кожата вредни минерали
- Нежно го отстрануваме слојот  од мртви клетки на кожата
- Ги чистиме порите на кожата.
Зошто да користите разнобојни маски  маски? Една од  причините е да се прилагодиме на  маски за разни  типови на кожа. Така, маската од црвена глина е добра за сува и чувствителна кожа, најнежна е маската од бела глина (каолин), која може да ја користат  и луѓето со многу тенка и оштетена кожа,а  зелената маска од друга страна е најлековита за мрсна и проблематична кожа.

Универзален рецепт за зелена, црвена, розова и бела маска:
- 50 грама глина (зелена, црвена, розова или бела)
- Хидролат според типот на кожата, без примеса на алкохол етанол!
- Растително масло од типот на кожата, ладно цедено нерафинирано

Во глината додадете една мала лажица растително масло (пример бадемово или мало од лешници), а потоа постепено се прелива хидролат додека не се добие маса со  конзистентност на густа паста. Чувајте ги на ладно место, рокот на траење е од неколку месеци, но тоа најдобро е да се подготвува секогаш свежо.
Рецепт за жолта маска специјално дизајнирани за осетливата кожа:

- 50 g на бела глина (каолин)
- Хидролат според типот на кожата, без нијанса на алкохол етанол!
- Невен

Во глината додадете една мала лажица невен, а потоа постепено додавајте хидролат додека не постане која е густа.
Маската нанесете ја  на лицето во средно дебел слој , по можност пред туширање, оставете ја да се исуши а потоа  за 15 минути,  сплакнете  ја под туш за  отстранување на честичките од најситните пори на кожата. Применувајте ја  маската до два пати неделно.

Posted 7 years ago.

5 comments

Домашни маски за лице

Вие не мора да потрошите пари за да  направете вашето лице да изгледа убаво и чисто.       Доволно е да се послушаат некои  совети и производите кои веќе ги имате  дома да               направите своај маска за лице..

За чистење на лицето – Помешајте  сок од еден лимон и малку маслиново масло. Оваа         смеса нежно нанесете ја на лицето и тријте во кожата, додека не забележите црвенило.     Оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Ова е прав мелем а     за нечиста  и мрсна кожа.
Помешајте неколку лажици јогурт и  неколку лажици мед, и ќе добиете одлична маска Јогурт ќе ја освежи кожата, мед и ќе му  даде хидратација.
За мрсна и дехидрирана кожа – исцедете половина лимон. Во кората од лимон ставете една жолчка да  стои околу 2-3 часа. После тоа измешајте внатре 10 капки лимон. Нанесете со нежни  кружни движења по лицето, вратот и деколтето. Се остава да отстои околу 15 минути и исплакнете со млака вода.
Пилинг за лице-Белката од јајцето изматете ја со миксер и полека додадет гриз.Не мора да добиете цврста смеса.Нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Кога ќе се исуши со кружни двишења извадете го пилингот , така ќе се отстрани мртвиот пилинг на лицето. Потоа измијте со топла вода.
Можете да направите маска од јогурт и краставици – 100 мл јогурт ставете во еден сад, додадете една краставица, сето тоа промешајте го со  миксер се додека краставиците не се иситнат. Ставете ја смесата врз вашето лице. Држете ја 15 минути, а потоа измиете го лицето со  млака вода.
Маска од краставици – добро исчистете го лицето, исцедете ја неизлупена краставицата и оставете  да отстои  20 – 30 минути. После тоа не треба да се мие лицето, бидејќи сокот од краставица е  подобар од водата. Кожата ќе ви  биде мека и нахранета. Оваа маска се користи за  секој вид на кожа.
Маска направена од пченкарно брашно – помешајте малку пченкарно брашно со малку млеко така да не  добиете не е премногу дебела смеса. Претходно исчистете го  лицето и  ставете ја  оваа маска. Чувајте ја  на лицето се додека не се исуши  и отстранете ја со кружни движења на прстите. Н крај исплакнете со млака вода. Така ќе се отстранат сите мртви клетки на кожата од лицето и сте направиле  одличен пилинг  за вашето  лице.
Маска од аспирин – Растворете 4 таблетки од аспирин во неколку капки на млака вода така  да се добие смеса која може да се нанесе на  лицето. Оставете 15 минути, додека не се исуши  и почнува да паѓа. Избришете ја со мека крпа и топла вода.

http://www.gladijatori.com/maski_za/lice

Posted 7 years ago.

1 comment

Медена маска со белка ( за мрсна кожа )

Се зема белка од едно јајце, се мати, се додава и една лажица мед, се мати и се додаваат малку овесни лушпи  ( за да се згусни). Се става на чисто лице претходно измиено со ладен чај од камилица и истриено со мраз, па потоа се нанесува маската. Стои 15 мин.и се мие.

http://www.gladijatori.com/Medna_maska

Posted 7 years ago.

3 comments

Маска за лице од банана

  1. Се меша 1 банана со 2 лажици сирење, се става на лицето и стои 20 мин. Потоа лицето се мие со млака вода.
  2. Една зрела банана се гмечи со вилушка толку, колку да станe како крем. Се става на лицето и на вратот ( претходно кожата темелно се чисти ). Маската стои 30 мин.и се одстранува со млака вода или чај од боливач.
  3. Се миксира бананата, се додава лажиче мед и 10 капки сок од лимон ( медот ја дезинфицира, лимонот ја  обелува, а  бананата ја храни кожата ). Стои 15 мин. И се мие.
  4. Се миксира бананата се додава едно лажиче павлака. Стои 20 мин. И се мие.

http://www.gladijatori.com/maska za lice@banana

Posted 7 years, 1 month ago.

3 comments

Maска со поленов прав и мед

Маска со поленов прав и мед

Поленовиот прав се толчи во порцеланска чинија ,се меша со медот во однос 1:3 (еден дел полен,а три дела мед).Оваа смеса се додава на хранливата крема во количество за еднократна употреба.Смесата се става на лицето и вратот и стои 20 минути.Потоа се вади со заситен раствор од мед,кој е употребен и пред нанесувањето на маската,а на крај лицето се бриши со тампон навлажнет во чај од бос.Пред ставањето на маската со полен,добро е да се ставаат компресии на лицето кои се држат 10-15 минути)во една чаша вода ,се става 1 лажица мед).Оваа смеса го омекнува рожнатиот слиј на кожата,која потоа е многу пропустлива за препаратите врз база на поленот. Овој третман се употребува десет пати и тоа секој петти ден.

http://www.gladijatori.com/maska_so_polenov_prav_i_med

Posted 7 years, 2 months ago.

10 comments

ГЛАДИЈАТОРИ – КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА

КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА, РЕЦЕПТИ ОД ОВОШЈА, ЗЕЛЕНЧУЦИ, ЖИТАРИЦИ, СЕМИЊА, БИЛКИ И МНОГУ ДРУГИ РАСТЕНИЈА.

Posted 7 years, 2 months ago.

1 comment