GLADIJATORI

ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ, СУПЛЕМЕНТИ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА, НАЧИНИ НА ХРАНЕЊЕ, ПРОГРАМИ ЗА НАЧИНИ НА ТРЕНИНГ ВО РАЗЛИЧНИТЕ СПОРТОВИ, ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИ И КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА.

Аrnold Schwarzenegger

Во светот нема подобар бодибилдер од Арнолд Шварценегер. За него има слушнато секој човек, независно дали се занимава со бодибилдинг или не. Дури и според некои Арнолд засекогаш ќе остане најголемиот бодибилдер за сите времиња. За други пак тој е обична филмска звезда кој тргнал по патот на Стив Ривс и засновал престижно место во редовите на филмските звезди благодарение на чудесниот физички изглед. Но кој е всушност Арнолд и како успеал да оствари таква слава во историјата на бодибилдингот и киното?

Да го проследиме неговиот живот за да разбереме.

Арнолд Шварценегер е роден во градот Грац, Австрија.Израснува во мало село со име Тал, оддалечено од градот.Татко му Густав е полицаец и има добар физички изглед. Тој го дарува Арнолд со добра генетика , која е основа за добрите успеси во бодибилдингот. Но, знаете дека генетиката не е доволна потребни се и физички вежби. А Арнолд не може да се поплаче од нив.    Како мал мора да помогнува во тешката домашна работа заедно со брат му. Тука Арнолд започнува да го обожава спортот и физичката работа. Двајцата браќа поминуваат доста време во игри и спорт и покрај задолженијата што ги имаат.

На десет години Арнолд започнува да учи во градот Грац и патува до градот секој ден. Во тие тој почнува да се занимава со различни спортови. Плива, игра фудбал но се интересира и за бодибилдингот. Во тие денови му иди до рака германската варијанта на списанието “Muscule builder” на кое на корицата е Рег Парк. Неговиот изглед е многу впечатлив и тој решава да го развие неговото тело. Амбициите му се многу големи. Тренира редовно и дава се од себе. Уште од почетокот на тренинзите си замислува да започне кариера во бодибилдингот. Дури нешто повеќе тој мечтае да стане најмускулестиот човек во светот. И по кратко време прави прв чекор во реализирање на мечтите, решава да учествува на натпревар.

Точно во тој момент Арнолд е 18 години. Натпреварот во кој решава да учествува е “Мистер Европа” за млади во Штудгарт Германија. Тој бара од командирите да учествува на натпреварот ,но добива негативен резултат. После тоа сепак амбицијата му е многу силна и решава да избега од војската. Оди на натпреварот неподготвен, но го добива првото место. После тоа кога се враќа во војската добива казна една седница, но ги убедува своите командири и тие му овозможуваат уреди за понатамошните тренирања. Напредокот на Шварцернегер е одличен и следната година тој ја добива наградата “Мистер Европа” заaматери. Во следните години се насочува кон натпреварот “Мистер Вселена” и добива награди неколку пати. Во 1969 год.станува професионалец и го добива турнирот во IFBB и после тоа го насочува вниманието кон најпрестижниот турнир “Мистер Олимпија“.

Во 1969 год. Тој за прв пат стапнува во Америка, (турнирот се случува во Њујорк) и како што се очекува него му се допаѓа САД.  Тогаш започнува да замислува и друга кариера да стане филмска звезда.

Да се вратиме кон “Мистер Олимпија”. Првото учество на тој турнир Арнолд го прави во 1969 год. Но го добива второто место. Прв е кубанецот Серџо Олива кој стигнал кон врвот и три години не го отстапува на никого. Но поради тоа се зголемуваат амбициите на младиот Арнолд и тој непрекинато ја подобрува физиката. Тој бара совети од бодибилдери, се сретнува со Рег Парк со кого тренира извесно време. Тој почнува да му обрнува внимание не само на мускулната маса туку и на симетријата. Само за една година прави брзи подобрувања на телото и станува непобедлив. ОД 1970 год. Тој не губи ниту еден нетпревар и ги победува сите, вклучувајќи ги Серџо Олива и Рег Парк.

Шварцернегер прави неверојатен успех на сцената на “Мистер Олимпија” и го добив турнирот седум пати, нешто невидено ни чуено дотогаш во историјата на бодибилдингот. Дури после неговото откажување некои сметаат дека резултатот нема да му биде подобрен (само ќе го подобре Ли  Хеини, кој го добива турнирот 8 пати. Арнолд добива 5 последователни  “Олимпии” од 1970 до 1975 после тоа прави пауза од 5 години и се враќа во натпреварот одново во 1980 год. Таа е седмата и последна “Олимпија” за Арнолд кои покрај успехот решава да се откажи од кариерата во натпреварите и се посветува кон филмското платно.

http://www.gladijatori.com/Arnold_Schwarzenegger

Posted in ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ 7 years, 1 month ago at 3:16 pm.

3 comments

3 Replies

  1. femina Oct 14th 2010

    Dali moze da mi kazete koja godina Arnold Schwarcenegger ja osvoi nagradata Mr. Universe i kolku godini imase togas?

  2. Kristina Oct 19th 2010

    Na koja vozdrast pocnal da trenira Schwarzenegger?

  3. Фанче- Гладијатори Oct 22nd 2010

    Зборовите “Јас сакам да бидам најдобро градениот човек на светот” беа кажани од малиот 13 годишен Арнолд, чии родители Густав и Аурелија Шварценегер не сакаа да ги слушнат и ги исфрлиле од своите глави. Тие отсекогаш имале свои сомнежи, но сега тие сомнежи се потврдиле. Арнолд станал сериозен. Со своите 14 години тој започнал интензивна тренинг програма со Kurt Marnul (Winer of Mr.Austria). На 15 години учел психолоија со Dr. Karl Gerstl, со цел за да дознае повеќе за силата на умот над телото. На 17 години официјално започнува со неговата кариера. Арнолд го исполнил својот сон и на свои 20 години станал најмладиот Mr.Universe во историјата.


Leave a Reply