GLADIJATORI

ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ, СУПЛЕМЕНТИ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА, НАЧИНИ НА ХРАНЕЊЕ, ПРОГРАМИ ЗА НАЧИНИ НА ТРЕНИНГ ВО РАЗЛИЧНИТЕ СПОРТОВИ, ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИ И КОЗМЕТИКА ОД ПРИРОДАТА.

ЖИТАРИЦИ

Житариците, жита или цералии (според Римскиот бог Церос ) се зрели плодови на култивирани растенија во кои спаѓаат пченицата, рж, јачмен, ориз, пченка и многу други. Поради своите особини овие производи и денес сочинуваат важен дел од исхраната на многу народи во светот. Така во неразвиените земји житариците ја сочинуваат исхраната и до 70%. Во земјите во развој до 30%, а во развиените земји ни 30%.

Во последната деценија во нашата земја се зголеми потрошувачката на овие прехранбени производи  во нашата земја и учеството во исхраната се зголеми  и до 50%.

Најмногу луѓе во светот се хранат со ориз, на второ место е пченицата, од јачменот се прави пиво, од ржта се прави ржан леб.

Во составот на житариците протеините сочинуваат 8-16%, маснотиите 2-7%, а околу 2% неоргански, и тоа минерални материи  (калциум, фосфор, железо, бакар и др.), како и витамини од Б групата, Е и Д.

Остатокот се јаглени хидрати ( скроб, и дел моносахариди, како и влакна ). Во едно парче леб се состојат 65-70 калории, половина шолја варена житарица дава 70-75 калории, а половина шолја варени мешунки дава 115-130 калории.

Иако кога се зборува за житариците повеќе се мисли на нивната содржина на скробот, тие се значаен додаток на протеинската содржина на храната. Протеините од житариците не содржат доволно од двете важни аминокиселини ( лизин и триптофан). Меѓутоа, бидејќи житариците обично се зрмаат со млекото кое ги содржи овие две аминокиселини, се зголемува вредноста на протеините од житариците. Целите зрна на житариците се слични по својата структура и се состојат од три лушпи ( трици), ркулци и скроб.

Корисноста на житариците зависи токму од тоа кој дел од зрното се употребува. Откако се отстрани плевата која го штити зрното за време на неговиот развој, остатокот од надворешната обвивка-лушпите прави отприлика 3% од зрното. Тоа е делот во кој се наоѓа целулозата (влакно), многуте минерали и некои витамини. Под надворешниот слој на лушпите се наоѓа слојот-алеурон (алеурински слој), кој е богат со протеини, фосфор и тиамин. Големиот централен дел од зрното познат е како едносперм и содржи скроб и многу протеини. Во овој дел има малку минерални материи или влакна. Ркулците мал дел во основата на зрното се богати со полизаситени масти, протеини со добар квалитет, минерали и витамини.

Кога ќе се отфрлат лушпите и ркулците во текот на процесот на мелење , се отфрлуваат исто  така и многу хранливи и значајни состојки. Према ова храната од житарици треба да се спрема од целото зрно, или од брашно во кое се наоѓаат природните состојки на целото зрно. Во текот на последните години т. Е откако луѓето ја запознаа предноста на храната која е изработена од цело зрно и се уверија во неговата незаменлива вредност, многу често се определуваат за нерафинирана храна.

http://www.gladijatori.com/здрава-храна/житни-снегулки/

Posted in ЗДРАВА ХРАНА 4 years, 1 month ago at 11:25 am.

13 comments

13 Replies

  1. Femina Sep 27th 2010

    Koj vidovi na zitarici mozat da se kupat vo vasata prodavnica i dali imate zitarici na kilogram?

  2. Gospoga Femina, vo prodavnicite na Gladijatori mozete da gi najdite i kupite site vidovi na zitarici. Se razbira gi imame i vo pakuvana ambalaza, no i isto taka mozete da gi kupite i na kilogram.

  3. Kristina Sep 29th 2010

    kolku e vazen priviot utrinski obrok i sto e najdobro da se jadi ?

  4. aleksandar gladijatori Oct 1st 2010

    prviot obrok moze i da e eden od najbitnite vo tekot na celiot den,osnovnoto sto treba da se vnesi nautro vo organizmot se kvalitetni jaglehidrati,toa mozete da go napravite so vnesuvanje na razlicni vidovi zitarici kako na primer ovesni snegulki,muesli,kornfleks i slicno po vkus so melko ili jogurt,posle prviot obrok sleduva vnesuvanje na proteinska hrana i ovsje …

  5. aleksandar gladijatori Oct 2nd 2010

    prviot obrok vo denot e mn vazen za organizmot,treba dobro da se nahrani so kvalitetni jaglehidrati i protein,najdobro e da se jadat zitarici,kako ovesni snegulki,kornfleks,susam,suvogrozje .. moze so melko ili jogurt po vasa zelba..

  6. Moze da mi objasnite zosto da jadime zitarici i so sodrzat tolku kvalitetno, probav da jadam ednas i mnogu mi se gadese.

  7. aleksandar gladijatori Oct 7th 2010

    zitaricite sodrzat golem broj na kvlalitetni jaglehidrati koi mu se potrebni na organizmot za da moze da funkcionira vo tekot na denot,za muskulot da ne se hrani od proteinot koj go vnesuvame gi jademe zitaricite,ako vi se gadi od nekoi zitarici promenete gi,zemete izmesani poveke vrsti primer oves,oriz,kornfleks,suvo grozje,soncogled,pa probajte dali vi odgovaraat so melko niskomasteno ili jogurt..

  8. Valbona Oct 7th 2010

    Dali imate Caj od Brusnica vo vasite prodavnici i ako imate kolku procenti sodrzi brusnica ?

  9. Здраво Valbona.
    Да, имаме чај од брусница на фирмата Виталија во кој брусницата е застапена со шеесет проценти.
    Ви благодариме за посетата на нашиот Web-Side.

  10. Snezana Oct 18th 2010

    A dali imate kapsuli za slabeenje od jabolkova kiselina?

  11. Andrijana-Gladijatori Oct 27th 2010

    Здраво Снежана.

    Во нашите продавници, во моментот немаме капсули од јаболкова киселина, а доколку сакате имаме повеќе видови на јаболкова киселина течност.
    http://www.gladijatori.com/vitalia-100-%25-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BE%D1%86%D0%B5%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%B0_p395.html

  12. Koi od vašite proizvodi soržat B vitamini?

  13. Mimoza Dec 28th 2010

    Дали кај вас може да се набави Хелда и ве молам да упатство за подготовка и корисење?


Leave a Reply