Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Dymatize Gaba 111 грама

Dymatize Gaba 111 грама
Dymatize

Gaba 111 грама

нема во моментот

Информација за производот: Dymatize Gaba 111 грама

GABA или Гама аминобутрична киселина (Gamma Aminobutryic Acid) е моќна аминокиселина која е откриена за прв пат во Берлин во 1883 година. Таа всушност се вбројува во клучните невро-трансмитери, што значи дека помага да се пренесуваат нервните импулси од клетка до клетка, односно помеѓу нивните синапси и на тој начин да комуницираат подобро меѓу себе. Невротрансмитерите се всушност  хемиски “гласници” во човековото тело кои ги транспортираат информациите помеѓу нервните клетки или помеѓу нервните клетки и други целни клетки во човековото тело. GABA има многу позитивни ефекти врз нервниот систем  и воопшто врз целиот човеков организам.

Дериватна аминокиселина која е изолирана директно од глутаминската аминокиселина. Има инхибиторен (успорувачки) ефект на невроните и обезбедува смирено расположение.

Најважно за GABA е да се каже дека го стимулира лачењето на хормонот за раст HGH. Друга клучна работа која е откриена е дека, човековиот хормон за раст го олеснува метаболизмот на мастите и е познат по неговите моќни ефекти врз градење и зголемување на мускулите (боди-билдинг). Зголемувањето на HGH во организмот е добро посебно за боди-билдери. HGH се намалува нормално во организмот со процесот на стареење, така  што колку што стареете толку потешко губите во тежина и мастите се натрупуваат колку и да не сакате, токму поради тоа што метаболизмот е поспор. Со зголеменото лачње на HGH имаме забрзување и олеснување на метаболизмот на мастите. Тоа е уште една причина зашто GABA стана толку популарен производ.

Други студии покажаа дека GABA има ефекти и на спиењето. Сега можете да добиете подобар сон поради неговото благопријатно дејство на нервниот систем, и да се разбудите наспани и полни со енергија.

Дејството е повеќекратно! 

  • Зголемување на мускулната маса со побрзо растење на мускулното ткиво;
  • Зголемување на лачењето на хормонот за раст;
  • Подобрување на опоравувањето;
  • Зголемување на енергијата и виталноста на организмот;
  • Мускулна релаксација ( го опушта и смирува мозокот и телото);
  • Го подобрува сонот на тој начин што ја продолжува РЕМ фазата;
  • Го стабилизира притисокот.

Состав:

 

Доза : 3 мерици

 Дози во паковање: 30

 

 Gamma Aminobutyric Acid (GABA) 

 

 3 гр.

 

 

Употреба:

Како диетален додаток во исхраната земете 3 до 5 грама растворени во 120 мл. вода 30 минути пред спиење.

Не смее да се користи за време на бременост и додека се лачи млекото од дојките по бременоста. Не смее да се пречекори препорачаната доза. Доколку имате било каква медицинска состојба, хронична болест, не смеете да го користите производот или пак консултација со лекар е неопходна пред користење на истиот.

Tyxo.bg counter