
Melatonin 3 mg. 100 таблети
Мелатонинот е хормон кој се создава во телото и се лачи во текот на ноќта. Како додаток во исхраната се користи во борбата против недоволно спиење и несоница,поради менување на временски зони. Н-ацетил -5 метокситриптамин или мелатонин е хормон кој се лачи во мозокот. Ослободувањето на мелатонинот се софпаѓа со циклусот на ден и ноќ на телото. Најголеми количества на хормон се лачат во текот на ноќта. Траги од мелатонин има и во храната.Мелатонинот може да игра суштинска улога во спиењето и имунолошкиот систем. Бидејќи светлината го намалува неговото лачење, а мракот го поттикнува, мелатонинот го регулира внатрешниот часовник на телото.
Истражувањата покажуваат дека овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во текот на ноќта и го подобрува квалитетот на спиењето. Исто така многу е корисен при менување на временските зони, бидејќи овозможува побрзо опоравување од заморот и временските зони при подолги летови. Имањето на доволна количина на мелатонин резултира со позитивно расположение и подобрени психолошки способности. Додека недостатокот на мелатонин резултира со вознемиреност, замор и непријатно расположение.Исто така мелатонинот е испитуван поради својот потенцијал против стареење.
Доза: 1 таблета
Дози во паковање: 100
|
Калциум |
72 мг. |
|
Фосфор |
55 мг. |
|
Мелатонин |
3 мг. |
Други состојки:Ди калциум фосфат, Лактоза, Магнезиум Стеарат, Силика.
Се зема една таблета 30-60 мин. Пред спиење. Да не се земаат повеќе од 1 таблета во рок од 24 часа.

