Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Optimum Nutrition Stress B-Complex + Vitamin C 60 капсули

Optimum Nutrition Stress B-Complex + Vitamin C 60 капсули
Optimum Nutrition

Stress B-Complex + Vitamin C 60 капсули

нема во моментот

Информација за производот: Optimum Nutrition Stress B-Complex + Vitamin C 60 капсули

Stress B-Complex + Vitamin C 500 мг. е уникатна, високо потенцијална формула, специјално дизајнирана да ви помогне да ги обезбедите потребните витамини од групата Б-комплекс. Поради денешното брзо темпо на животот и брз животен стил, секој човек има голема потреба од надополнување на витамини и минерали во организмот. Во групата Б-комплекс спаѓаат 11 витамини:  

 -Витамин Б1 (Тијамин)

Во активна форма, како тиаминпирофосфат, игра улога во метаболизмот на јаглени хидрати, како коензим во бројни реакции врзани за правилна функција на мускулниот и нервниот систем. Се наоѓа слободен во циркулацијата, а дел е сместен во различни делови на срцето, мозокот, црниот дроб и скелетната мускулатура. Природни извори се интегралните житарици, зеленчукот и свинското месо, послаб  извор се млекото, сирењето и јајцата, додека пак квасецот е природен извор на витамини од Б-групата

 - Витамин Б2(Рибофлавин)

Главни извори на овој витамин се млекото и млечните производи, месо риба, јајца зелен зеленчук (спанаќ,зелка, кељ). Овошјето и останатиот зеленчук не го содржат во поголеми количини.

Мерките за зачувување на витаминските вредности треба да се имаат во вид при готварска    обработка бидејќи е можна загуба и до 50%

   -Витамин Б 6

Овој витамин го помага претворувањето а триптофан во нијацин, помогнува во превенција на многу кожни и нервни болести.

Најдобри природни извори се пилешко и свинско месо, риба, црн дроб и бубрези, интегрални житарици, соја, кикирики, лешник.

   -Витамин Б 12   

Неговата улога е формирањето и регенерирањето на црвените крвни зрнца (штити од анемија, го помага растењето и апетитот, ја покачува енергијата го одржува здрав нервниот систем.

Природни извори се црниот дроб, слезината и бубрегот, а помалку млекото и сирењето.

  -Витамин Ц (Аскробинска киселина)

Витаминот Ц е силен антиоксидант. Физиолошката активност се изразува во две форми на витаминот Ц:Л-Аскоробинска киселина и Л-Дехидроаскорбинска киселина. Овој витамин ја подобрува апсорбцијата на железото во организмот, помогнува во зарастување на рани, опекотини и лечи крварење на непцата. Исто така има важна улога за стварање на колаген, кој е важен за растење и обновување на ќелиите на телесното ткиво.

 Витаминот Ц воглавно се наоѓа во производите од растително потекло (зеленчук и овошје, посебно цитрусно)

-Ниацин

 Овој витамин внесен преку храната лесно се апсорбира во тенкото црево и се дистрибуира во сите ткива во телото. Се излачува преку урината. Му помогнува на системот за варење , ги ублажува желудочно-цревните пореметувања, помогнува во главоболка,дава повеќе енергија, го смалува крвниот систем, го смалува холестеролот и триглицеридите.

  Поголема содржина на овој витамин имаат црниот дроб, месото, млекото. Цералиите имаат скромна количина на ниацин, нешто повеќе го има во пченката. Кикирите и оревите се добар извор

 -Фолна киселина

  Служи за формирање на црвени крвни зрнца, го помага метаболизмот на протеините. Го подобрува апетитот, се користи против стрес, анемија, чиреви.

  Оваа киселина ја има во зелениот зеленчук, оревите, зељето, црниот дроб.

  -Биотин ( Витамин Х)

   Помага против обелување на косата, ќелавост, ги ублажува болките во мускулите.

Одлични извори на биотин се црн дроб, жолчката, брашно од соја, цералиите и квасец. Слабо е     застапен во месото и овошјето.

  -Пантотенска киселина

 Таа е битна за бројни реакции во метаболизмот на липиди и јагленохидрати, пред се за синтеза на масни киселини.

Широко е распространета во производите, посебно во производите од животинско потекло, интегрални житарици и зеленчукот.

    -Холин

 Иако многу истражувачи сметаат дека холинот не припаѓа во витамини, вообочаено е да се опишува со витамините од групата Б.

    Холин има во жолчката, во растителните масла, како и во животинските маснотии, најчесто во вид на лецитин.

    -Инозитол

 Тој ја дополнува функцијата на холинот во организмот и има значајна улога во исхраната на мозочните ќелии. Помага во намалување на холестеролот, ја одржува косата здрава и го спречува опаѓањето.

   Се наоѓа во многу мали количини  во производи од растително потекло. Податоците покажуваат дека   со храната дневно треба да се внесува околу 1 гр.инозитол.

   Во овој производ на "Optimum Nutrition "се содржат:

  • Сите 8 Б-Витамини
  • Чолин, Инозитол и ПАБК
  • Додаден витамин Ц

Состав:

Доза: 2 капсули

Дози во пакување: 30

Витамин Ц

1 гр.             

Тиамин

50 мг.           

Рибофлавин

50 мг.           

Ниацин

100 мг.         

Витамин Б6

50 мг.            

Фолна киселина

400 мцг.       

Витамин Б12

250 мцг.        

Биотин

100 мцг.         

Пантотенинска киселина

250 мг.          

Инозитол

150 мг.

ПАБА (Пара-аминобензоична киселина)

50 мг.

Холин

40 мг.

Употреба:

Се конзумират 2 капсули дневно.

Tyxo.bg counter