Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

SCIVATION KNOCKOUT 90 таб

SCIVATION KNOCKOUT 90 таб
SCIVATION

KNOCKOUT 90 таб

нема во моментот

Информација за производот: SCIVATION KNOCKOUT 90 таб

Knockout ви овозможува релаксирачко спиење за тело од вашите соништа. Со својата компонента LT-1 Tryptophan, Knockout е напредна формула дизајнирана од експертите на SciVation која овозможува мирен ноќен сон, оптимално хормонално ниво и помага во побрзо оздравување на изморените мускули.

 

Што е Knockout и како функционира?

Knockout ултимативен препарат за подобрување на спиењето, перфектен за оние кои немаат добар сон, или оние кои сакаат да го подобрат неговиот квалитетот. Спиењето е од витална важност за мускулниот пораст, топењето на масти и секако напредок за време на тренинг. Без соодветно спиење, вашите резултати ќе бидат минимални.

 

Што го прави Knockout подобар од другите производи за подобрување на спиењето?

Една работа што прави Knockout да се издвојува од другите производи со иста намена е неговата содржина. Перфектниот микс на супстанци кои работат заедно во синергија Ви помагаат лесно да заспиете и да го одржите својот сон. Ниедна состојка во Knockout не е случајно избрана, сите се внимателно селектирани и се во во функција на зајакнување на самиот ефект на препаратот.

 

Кога е оптимално време да се земе Knockout?

Оптималното време за земање на Knockout е 45-60 минути пред спиење, што значи, ако одите во кревет во 23.00, вашиот последен оброк би требало да биде во 21.30, а потоа, во 22.00 да земете Knockout.

Колку брзо делува Knockout?

Knockout делува уште првата вечер при земањето.

 

Дали жени смеат за конзумираат Knockout?

Да, Knockout, е безбеден и подеднакво ефективен и кај мажи и кај жени.

 

Дали смеам да земам Knockout ако имам помалку од 18 години?

Knockout не се препорачува на малолетни лица.

 

Дали смее да се зема ZMA заедно со Knockout?

Да, ZMA смее да се зема заедно со Knockout.

 

Дали смее да се зема Phenibut во комбинација со Knockout?

Да, Phenibut (друг препарат за подобрување на спиењето) смее да се комбинира со Knocout. Земајте гоPhenibut на начинот кој е наведен во уптството за употреба и дозирање.

 

Дали употребата на Knockout треба да биде циклична?

Се препорачува циклична употреба на сите суплементи. Конкретно за Knockout препорачливо е да се зема 8-12 недели со пауза од 2-4 недели или пак, 5 дена конзумирање со 2 дена пауза (пример, од понеделник до петок, користење на Knockout, сабота и недела, пауза)

 

Дали треба да имам спиење од 8 часа за Knockout да биде ефективен?

Не, не треба да имате спиење од 8 часа за Knockout да биде ефективен. Тоа што е добро кај Knockout е што дејствува независно дали спиете 4 или пак 10 часа. Knockout ќе го подобри квалитетот на вашиот сон и ќе ви овозможи наутро да се разбудите свежи и наспани. 

 

Дали Knockout има некакви несакани последици?

Сите состојки во Knockout се на природна база и нема никакви несакани ефекти (како на пример мачнина следното утро).

 

Дали Knockout може да предизвика позитивен допинг тест на бодибилдинг натпреварите?

Не. Knockout содржи само природни состојки. 

Состав:

BrainChill мешавина:

LT-1 Tryptophan

Valerian Root (Standardized to 0.8% Valerenic Acids)

Gamma-aminobutyric acid

Inositol

Melatonin

BrainChill мешавината е дизајнирана за да ви помогне да заспиете и да го одржите сонот со тоа што го зголемува нивото на серотонин и активноста на GABA. Всушност, оптималното ниво на серотонин и GABA е клуч до спокоен сон.

 

MyoDream мешавина:

Ziziphus Jujube (standardized for Triterpenes {Jujubosides, Betulic acid, Oleanolic acid})

Cis-9,10-octadecenoamide

White Peony

MyoDream мешавината, исто како и BrainChill, е дизајнирана за да ви помогне да заспиете и да го одржите сонот, но на различен начин од BrainChill.

 

AnaCalm мешавина:

Ashwaghanda (standardized for 1.5% Withanolides)

Ocimum Sanctum L. (2.5% Urosolic Acid)

Magnolia Bark (standardized for 50% Honokiol)

AnaCalm мешавината е произведена за да го смири вашето тело со тоа што ги регулира нивоата на кортизол, што води со мирен и релаксирачки сон.

Употреба:

Се земаат по 3 таблети 45-60 минути пред спиење или по препорака на лекар. Не се земаат повеќе од 6 таблети во период од 24 часа.

Tyxo.bg counter