Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ultimate Nutrition Glucosamine Plus MSM 60 таблети

Ultimate Nutrition Glucosamine Plus MSM 60 таблети
Ultimate Nutrition

Glucosamine Plus MSM 60 таблети

нема во моментот

Информација за производот: Ultimate Nutrition Glucosamine Plus MSM 60 таблети

Направени се  повеќе истражувања за ефикасноста на  Глукозамин и Хондроитин, кога  во организмот се примаат  одделно. Во последните неколку години медицинските здруженија  во САД почнаа да  бидат свесни  дека кога две додатоци во исхраната се примаат заедно, дефинитивно се добива синегретичен ефект, т.е  оваа комбинација претставува повеќе од прост збир на состојките. Овие две хранливи материи се главен производ за заштита од ронење на 'рскавицата, но секој од овие производи делува на свој специфичен начин. Глукозамин сулфатот дејствува како основна единица за изградба на протеогликаните - големи молекули во рскавиците, кои му  даваат на рскавицата  вискоеластичност. Тој ја одржува течноста во 'рскавицата и го регулира метаболизмот, што го спречува непотребното разградување на ткивото. Го спречува дејството на ензимите, разградувањето на 'рскавицата  и го поттиснува дејството на некои хемикалии.Кога се конзумира орално глукозамин сулфатот се апсорбира побрзо од организмот и помалку од четири часа по приемот се доаѓа во допир со 'рскавицата. Слично на нестероидните против воспалителни лековити средства, глукозамин сулфатот е со докажани против воспалителни својства. Покрај тоа, при некои лабараториски тестови испитано е дека  оваа материја покажува и заштитно влијание врз 'рскавицата. Овие истражувања покажуваат дека гпукозамин сулфатот може да го спречи триењето на 'рскавицата и има потенцијал да помогне во нејзината регенерација.Хондроитин сулфатот се извлекува најчесто од 'рскавицата на ајкулата и претставува поголема молекула. која исто така се наоѓа во човековото 'рскавичното ткиво. Тој се бори  во уништувањето на 'рскавичните ензими. Според испитувањето хондроитинот има  против воспалително дејство. Некои лабараториски тестови покажуваат дека хондроитин сулфатот може да го забави процесот на абење на 'рскавичното ткиво, па дури и да помогне во  неговата регенерација.  Метил сулфонил метан (МСМ) претставува неметално сулфурно соединение, кое што се среќава на многу места во природата. Сулфурот е третиот најраспространет минерал во човечкото тело и е од витално значење за нормален раст и обнова на организмот. МСМ е природна форма на органски сулфур и може да биде откриена во свежата храна, како што се овошјето, зеленчукот, месото, рибата и млекото. Но ако не конзумирате свежа храна, веројатноста да го добиете  неопходното количество МСМ за добро здравје е многу мала. Овој важен минерал мошне брзо испарува и вообичаено губиме голем дел од него при затоплување, сушење задушување, пастеризирање и воопшто секој начин на преработка на храната. Пресметано е дека човечкиот организам најмалку по околу 0.4 ml МСМ на ден, што значи дека секојдневното обновување на количеството во телото е задолжително. МСМ е дел од синџирот на амино киселини и претставува флексибилна врска меѓу протеините. Кога една клетка умре, на нејзино место се појавува нова. Без неопходното количество МСМ новата клетка  не се развива  и му недостасува флексибилност. Кога ткивото  губи флексибилност  се појавуваат проблеми со белите дробови и други органи. МСМ помага да се ослободи  човековиот организам од токсините и ја подобрува циркулацијата. . МСМ  го намалува воспалението,  и им дозволува на мускулите да се опорават  и  ги спречува болките во нив. МСМ  ги запира  импулсите  здобиени од болка пред да се стигнат  до мозокот и така функционира како аналгетично и средство против воспаление. Сулфурот во МСМ има важна улога во создавање на кератин (белковини, особено важни за здрави кожа, коса и нокти) и колаген (протеин кој ги одржува добрата состојба на кожата и подвижноста на зглобовите). Сулфурот исто така придонесува за создавање на имуноглобулините во организмот,  кои играат  важна  улога за правилното функционирање на имунолошкиот систем. МСМ е голем непријател на слободните радикали. Тој драстично ги намалува алергиите од храна и пчелниот полен и ја регулира киселината во желудникот.

Состав:

Доза на примање : 3 таблети

 

 

Состав во доза

1500 мг.

Glucosamine Sulfate

1200 мг.

Chondroitin Sulfate

1200 мг.

MCM (Methylsulfonylmethane)

 

Употреба:

Препорачана  доза (во период од 60 дена) - 1 таблета 3 пати дневно за време или по јадење. Важно е да бидете информирани, процесот на враќање на рскавиците и здравјето на зглобовите бараат време, што е индивидуално за секој. Бидете трпеливи и придржувајте се кон препорачаниoт прием. 
Се препорачува внесување на 1-3 таблети дневно, во зависност од индивидуалната состојба.

Tyxo.bg counter