100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ultimate Nutrition Glutapure Powder (L-Glutamine) 1000 гр.

Ultimate Nutrition Glutapure Powder (L-Glutamine) 1000 гр.
Ultimate Nutrition

Glutapure Powder (L-Glutamine) 1000 гр.

нема во моментот

Информација за производот: Ultimate Nutrition Glutapure Powder (L-Glutamine) 1000 гр.

Oвој нов производ  содржи 100% чист L-Glutamine - најдобар кој може да се најде на пазарот денес. 
Глутаминот е "мајката" на сите аминокиселини. Во човечкото тело глутаминот се складира во мускулите -( 60% од слободните аминокиселини во мускулната клетка се во форма на глутамин). Тој може да се синтетизира од аминокиселините Валин и Изолевцин, како и од Глутаминската киселина.Аминокиселините Валин и Изолевцин  се со разгранета верига и се особено важни за мускулен раст. Тешките  вежби бараат многу глутамин, кој организмот сам не може да го произведе од овие аминокиселини. Науката категорично покажа дека глутаминот штити од загубата на мускулно ткиво поради  оптоварувања, стрес, болести и сл 
Тој има силен антикатаболен ефект,  го намалува нивото на кортизолот  и  врши значајна улога во одржувањето на позитивниот азотен биланс, ги подобрува  функциите на имунолошкиот систем, црниот дроб, панкреасот и другите органи. Глутаминот е основен азотен преносител и, исто така, го пренесува амонијакот од една зона (мозокот, црниот дроб) до друга.Голем дел од него се користи за производството во организмот на еден од најважните антиоксиданти - глутатион, произведен од глутамин, цистеин и глицин. 
Глутаминот има значајна улога во синтезата и полнење на магацините  со гликоген. Едно од најважните работи за  активностите на бодибилдерите  е дека го зголемува нивото на хормони на растењето. Само 2 грама  од него, усвоени орално,  го зголемуваат лачењето на хормони на растењето. Истражувањата на научниците покажуваат дека глутаминот  го зголемува апсорбирањето на аминокиселини со разгранета верига (BCAA). На тоа се должи  процесот на растење на мускулот (анаболизам) . Глутаминот е производ за сила и маса  како и за опоравување на мускулот. Покрај тоа, тој помага за задржување на водата во внатрешноста на мускулната клетка и така ја прави  пообемна. 
Кога глутаминовото ниво во мускулите се намали, обемот на  мускулните клетки, исто така, се намалува - тоа е показател за  процес  на распаѓање на мускулот (катаболизам)  и представува опасност. Се поставуваат  важни прашања како да се одржи потребно ниво во мускулите? Со внесување на глутамин е одговорот.. Ако  се внесува потребната доза на Глутамин  дигестивниот тракт и имунолошкиот систем , нема да мораат да посегнуваат по  резервите на мускулните  клетки, што значи дека тие ќе го  одржат  потребниот клеточен  обем и протеиновиот  метаболизам. 
Важно е да Запомни дека  воспоставувањето на мускулната маса не може да започне се додека не се обновени резервите од глутамин во мускулите.

Состав:

Доза:  5 гр.

Дози во паковање:  200

 

 

Л-Глутамин

5 гр.

Употреба:

Ви препорачуваме доза од 5гр (една лажица), усвоена со вода три до четири пати дневно.

Во денови кога се тренира се зема една доза половина час пред и веднаш после тренингот, како и пред спиење.

Tyxo.bg counter