100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ultimate Nutrition Vitamin C 500 mg. Chewable 120 таблети

Ultimate Nutrition Vitamin C 500 mg. Chewable 120 таблети
Ultimate Nutrition

Vitamin C 500 mg. Chewable 120 таблети

Цена 400.00 MKD

Kоличина:

Информација за производот: Ultimate Nutrition Vitamin C 500 mg. Chewable 120 таблети

Унгарскиот научник Алберт Сент Георги прв го открива витаминот Ц и за тоа исклучително откритие ја добива Нобеловата награда.
Витаминот Ц се среќава во форма на аскорбинска киселина, дехидроаскорбинова киселина  и како аскорбиген (поврзана форма).
Во животнските и растителните ткива само дел од аскорбинска киселина се наоѓа во слободна состојба, другиот  нејзин дел е трајно поврзан со протеините или нуклеинска киселина и станува достапна за оксидација само по отцепувањето. Оваа форма на аскорбинска киселина се вика аскорбиген.
Доаѓаат во организмот на човекот со храната. Во организмот на здравиот човек вкупната количина аскорбинска киселина е од 3 до 6 гр.
Aскорбиновата киселина учествува во хидроксилација на пролин во оксипролин при претворање на проколаген во врзивното ткиво колаген. Неопходна е исто така за нормален метаболизам на тирозинот . Витаминот Ц штити од развојот на склероза, придонесува за оксидација и прикажување на холестерол во организмот. Високата содржина на аскорбинска киселина во некои органи со внатрешна секреција (надбубрежната жлезда, хипофизата, полови жлезди) сведочи за важноста на нејзината улога во размената на хормоните.
Аскорбинска киселина има заштитно дејство исто така  помага за ферментното претворање на фолната киселина во нејзините активни форми. Метаболизмот на аскорбинска киселина е поврзан со размената на другите витамини. Витаминот Ц има важна улога во размената на витамин Е во организмот. Аскорбинска киселина има исто така заштитно влијание врз голем број минерални материи, на пример, за апсорбирањето на калциумот и железото. .
Линус Паулинг (познат биохимичар , награден со Нобелова награда), докажува дека витаминот C штити од многу клинички состојби, почнувајќи од обична настинка па до рак. Очигледно е дека аскорбинска киселина игра фундаментална биохемиска и физиолошка улога  за нормален развој на врзивното ткиво, за водење на процесот на регенерација и заздравување, зголемување на отпорноста на организмот кон различни видови на стрес. Витаминот Ц може да помогне во неутрализирање на нитритите и нитратите.Хиповитаминоза / недостаток / на витамин Ц се развива кај човекот при скратено вклучување на витамин Ц во исхраната, при зголемена потреба на организмот од него. Еден од најраните симптоми на дефицит на витамин Ц се точковидните крварења на кожата (петехи) условено од намалување на отпорот на капиларите. Подоцна недостатокот на витамин Ц се карактеризира со неспецифични симптоми, претежно од страна на нервниот систем и слабост. При развој на авитаминоза се забележуваат болки во нозете, различна  боја на кожата. Бидејќи постои намалување на имунитетот на организмот, постои зголемена предиспозиција кон инфекции. Заздравувањето на раните и  скршениците на коските е отежнато. Многу одамна е познато дека недостатокот на витамин C предизвикува скорбут.
При хипервитаминоза на витаминот Ц се забележува загриженост, главоболка, несоница, зголемување на крвниот притисок, шеќер во урината, зголемување на шеќерот во крвта, зголемено одвојување на калциум.
Денес има производи со намален ослободување на витамин Ц, кои обезбедуваат долготрајна апсорпција, а тоа е важно бидејќи треба да се одржуваат високо ниво на витамин Ц во крвта.

Состав:

 

Доза:  1 таблета

Дози во паковање: 120

 

 

Витамин Ц

500 мг.

 

Натриум

30 мг.

 

Употреба:

За најдобар резултат земете 1 таблета 2 пати дневно после јасдење.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional