
Zinc 30 mg. 120 таблети
Цинкот е есенцијален елемент кој има способност на зајакнување на отпорноста на имунолошкиот систем и зголемување на бројот на бели крвни зрнца. Неопходен е за лечење на повреди, синтеза на протеини, чување на видот и го штити организмот од оксидативни ефекти на слободните радикали.Цинкот исто така е состојка на многу познати масти за лечење на рани. Мажите го користат кога имаат проблеми со потенцијата, а се дава и на мали деца кои се заостанати во развојот. Цинкот помага во превензија и лечење на болни настинки, инфекции и ноќно слепило, помага во апсорбција на минералите, што значи дека може да помогне во превенција од остеопороза помагајќи му на телото да апсорбира калциум.Цинкот го подобрува здравјето на кожата и косата.
Цинкот е значаен суплемент кој го користат спортистите.Во текот на регенерацијата на мускулите поради микро расепување на ткивото што се случува како резултат на напорните тренинзи, телото на спортистот бара поголема количина на витамини и минерали вклучувајќи го и цинкот. Дури и мал дефицит на цинк може да доведе до здравствени проблеми, како што е слабеењето на имунитетот што е обично предуслов за вирусни настинки. Со вежбање спортистите губат цинк од својот организам, а сериозен дефицит може да ги загрози мускулните функции. Испитувањето извршено кај мажи спортисти со ниско ниво на цинк во крвта покажа дека со додавање на само 20 мг. дневно се подобрува флексибилноста на црвените крвни зрнца во текот на вежбањето, што доведува до подобар проток на крв во мускулите.
|
Доза: една таблета Дози во паковање: 120 таблети
|
|
|
Цинк (Како цинк цитрат и цинк сулфат) |
30 мг. 200% |
Се конзумира една таблета на ден.

