
Диетални Џемови 370 гр.
ДИЕТАЛНИ ЏЕМОВИ
со фруктоза
Вкусни и квалитетни диетални џемови подготвени според традиционалниот рецепт од специјално одбрано овошје. Засладени се со фруктоза - овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето и поради тоа е лесно сварлив за нашиот организам.
Традиционалниот начин на подготовка овозможува во џемот да се задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.
ДИЕТ џемовите на Виталиа имаат исклучителна арома и вкус: капина, кајсија, јагода, модра слива, малина, праска, вишна. Употреба: ДИЕТ џемовите на Виталиа претставуваат здрав и вкусен десерт во кој уживаат децата, спортистите, но и диеталците, дијабетичарите и сите оние кои се грижат за сопственото здравје. Токму затоа започнете го денот со оброк од житарки засладен со еден од диет џемовите на Виталиа и почувствувајте го вкусот на природата.
Кајсијата содржи 482 мг. калиум доволни да се намали ризикот од шлог за 40%. Содржи фосфор, магнезиум и провитамин А од каде потекнува бојата. Помага кај децата во раст, го подобрува видот и отпорноста према болестите. Добро е да се користи ако сте анемични и депресивни.
Сливата делува антибактериски и антивирусно. Ефикасна е и како лаксатив. Обилува со витамини, минерали, ензими и антоцијанини кои благотворно делуваат подобрувајќи ја острината на видот.
Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза.
Јагодата е многу барана поради своите сочни, ароматични и освежувачки плодови. Е лесно сварлива, а од витамини застапени се Ц, А, Б и Е како и минерали (K, P i Fe ), пектини, танини. Материите присутни во плодот се значајни за намалување на холестеролот во крвта, помагаат во релаксација на заморените мускули и влијаат на заздравувањето на рани.
Капината - е овошје богато со пектин, калиум и витамин Ц. Содржи малку шеќери и има благотворно дејство при воспаление на усната слузница и при настинки. Капината е богата со состојки кои ја зајакнуваат крвта. Но внимавајте. Не е сеедно дали Диет џемот е произведен од овошна каша или екстракт. Најдобро е да консумирате џемови произведени од свежо овошје. Само така ќе го почувствувате вкусот и аромата на овошјето и ќе бидете сигурни дека внесувате богатство од хранливи состојки.
Џем од jaгода Нутритивни вредности
Тајната на нашите производи лежи во квалитетот и природниот вкус кој лесно може да се почуствува. Погоден за дијабетичари Состав: овошје (55%), замена за шеќер (фруктоза), агенс за желирање (пектин).
Џем од капина Џем од малина
Нутритивни вредности Нутритивни вредности
Џем од вишна Џем од кајсија
Нутритивни вредности Нутритивни вредности
Џем од модра слива Џем од праска
Нутритивни вредности Нутритивни вредности

