
Зелена глина во прав за лице и тело 500 гр
Зелена глина во прав за лице и тело е високо квалитетен производ кој се препорачува за подготовка на освежувачки маски за лице, тело, коса и лековити облоги (катаплазми).
Во природата постојат различни типови на глина, со различни бои. ВИТАЛИА ја одбра зелената глина бидејќи нејзиното дејство e најефикасно. Глината ВИТАЛИА се ископува на Сицилија во подрачје кое е чисто, ветровито и сончано скоро во текот на целата година. Благодарејќи на големата количина апсорбирана сончева светлина и топлина, оваа глина станува мошне делотворна, посебно бидејќи потекнува од морските подрачја. Богата е со елементите присутни во водата на морето, со себе го носи ритамот на сонцето и брановите на месечината на плимата и осеката.
Благодарејќи на големата енергетска моќ и високата концентрација на калциум, магнезиум, железо, алуминиум и олиго - елементи, зелената глина на Виталиа помага во лечењето на голем спектар заболувања и тоа: акни, мозолки, рани, исекотини, воспаление на внатрешните органи, болки во стомакот и цревата, сифилис, опаѓање на косата, артериосклероза, стареење, брчки, анемија, астенија, заболување на дишните патишта, циститис, болни менструации, коли-бацилоза, колитис, цревни паразити и др.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГЛИНАТА ВИТАЛИА
Глината Виталиа има бактерицидно дејство. Таа помага во зараснувањето на раните и брзото регенерирање на ткивата, како и во лечењето на мозолките, акните, крастите, апцесите, изгореници, чиревите...
Глината Виталиа го дренира и чисти организмот. Површината на најмалиот дел на глината е како сунѓер. Од тука произлегува нејзината огромна апсорбирачка моќ. Глината ја впива нечистотијата која се наоѓа во ткивото на крвта и лимфата, а потоа ја одстранува. Таа ги неутрализира бактериите и отровите кои токсично делуваат на организмот. Со пиење на глинената вода се овозможува целосно прочистување на организмот.
Глината Виталиа има силно антитоксичко дејство и го зајакнува природниот имунитет. За лечење на болестите на внатрешните органи, глината Виталиа е мошне ефикасен против отров. Глината Виталиа е одличен антирид (средство против брчки) и лек за зараснување на раните, исекотините, мозолчињата. Благодарејќи на глината после зараснувањето на раната не останува лузна.
Глината Виталиа дезинфицира и дезодорира (го одстранува мирисот). Глината може да ја прочисти водата за пиење (се ставаат неколку лажички зелена глина на 1л. вода), давајќи и пријатен вкус. Зелената глина делува како дезодоранс. Таа ослободува атмосфера од најразлични мириси поради што е одлично средство за одстранување на непријатните миризби од просториите.
Со посебен процес на одбирање, селектирање и изложување на сонце и ветар добиени се повеќе типови на зелена глина кои се разликуваат по јачината на своето делување.
ВИТАЛИА ЗЕЛЕНА ГЛИНА ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО
Маска за лице: растворете 1 лажичка прав од глина со малку вода за да добиете густа хомогена смеса. На лицето, вратот и деколтето нанесете рамномерен слој и оставете маската да се исуши. Ако имате сува кожа најдобро е предходно да се намачкате со неколку капки маслиново масло. Маската извадете ја штом ќе почувствувате дека Ви го затегнува лицето. Направете го тоа со млака вода или чај од камилица. Потоа намачкајте се со соодветниот крем. Ставајте ја оваа маска два пати неделно. Таа ќе Ви ја подмлади кожата, обнови ткивото, израмни брчките, освежи тенот и врати неговиот природен сјај. Оваа маска ќе Ви помогне и во лечењето на акните и мозолчињата.
Лековита облога (катаплазма): прво подгответе ја глинената смеса. Во сад од стакло или керамика (никако метална или пластична), ставете ја потребната количина глина и израмнете ја. Садот наполнете го со вода и тоа само над површината на глината. Оставете глината да се растопи. Смесата мора да биде хомогена за да може да се применува. Најдобро е да се подготви еден час пред употребата.
Површината на катаплазмата треба да биде два пати поголема од заболеното место. Материјалот од кој се прави катаплазмата може да биде било кој, дури и дебела хартиена салвета, но никако од синтетика. Раширете го материјалот и на него распоредете (со дрвена лажица) слој од глинената смеса со дебелина 2см. Потоа ставете ја катаплазмата директно на кожата. Таа треба совршено да налегне на делот од телото кое се лечи. Фиксирајте ја со завој или фластер, но без премногу затегнување за да не се поремети циркулацијата. Лечењето започнете го внимателно со потенки катаплазми а потоа постепено зголемувајте ја нејзината дебелина до 2см.
Напомена:
· Најдобри резултати во лечењето се постигнуваат со ладна катаплазма. Природно таа мошне бргу ќе се загрее во допир со воспалените места на кожата. На овие "топли" места треба да се стави нова ладна катаплазма штом се загрее предходната; во вакви случаи најдобро е катаплазмата да се манува секој час.
· Ако катаплазмата ја ставате на "ладни" места како што е пределот на црниот дроб, бубрезите, белите дробови или коските, можете да ја оставите два до три часа или во текот на ноќта. Топлите катаплазми не смеат двапати да се подгреваат.
· За лечење и ревитализација на некој внатрешен орган, катаплазмата треба да се става два до три пати дневно.
· Не ставајте катаплазма во текот на варењето на храната или во долниот дел на стомакот за време на менструацијата.
· Никогаш не користете иста катаплазма два пати: фрлете ја после употребата бидејќи таа е девитализирана и полна со токсини. После секоја употреба исперете ги завоите.
· Третманот со катаплазма трае се додека вашата рана не зарасне или додека болеста која ја лечите целосно не исчезне.
· Глината нема контраиндикативно дејство.
Ако сакате лечењето со глина да биде поефикасно, истовремено ставајте катаплазми и пијте глинена вода. Но не заборавајте истовремено да се храните здраво (повеќе овошје, зеленчук и житарици, помалку маснотии) и помеѓу оброците поголема количина течности (природни сокови, чаеви).

