100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Имуновит Чај 50 гр

Vitalia Имуновит Чај 50 гр
Vitalia

Имуновит Чај 50 гр

Цена 71.00 MKD

Kоличина:

Информација за производот: Vitalia Имуновит Чај 50 гр

ИМУНОВИТ ЧАЈ

Ве мачи кашлица, затнат нос, често кивате и сето тоа надополнето со главоболка и малаксаност? Време е да го зајакнете имунолошкиот систем.Бидете спремни за битката со грипот и настинката. Обратете се на традиционалната медицина и кралицата на лековитите билки - Ехинацеата. Ехинацеата е повеќегодишно растение со темно зелени листови, тенко и високо стебло и крупни пурпурни цветови. Потекнува од Северна Америка, а во медицината е позната како извонреден имуно стимулатор. Нејзината лековитост се изразува во зголемување на природната моќ на одбрамбениот имунолошки систем во борбата против микробите, вирусите, бактериите и габите кои се предизвикувачи на разни заболувања. Како да ги почувствувате благодетите на Ехинацеата?

Денес Ехинацеата е достапна за секого, токму преку чајот ИМУНОВИТ од палетата на Виталиа здрави производи. Тој се состои од херба (цветови, листови и стебленца) на Ехинацеа пурпуреа. Со консумирање на овој чај во Вашиот организам ќе внесете богатство од корисни состојки, витамини (А, Б- комплекс, Ц, Е), минералите: железо (за подобрување на крвната слика), калциум (за зајакнување на коските и забите), селен (за отпорност против болести), силициум (за обнова на ткивата). Клетките на Ехинацеата содржат есенцијални масла, полисахариди, гликозиди, смола, бетаин, инулин, сесквитерпени, на чие присуство се должи нејзината лековита моќ.
Како делува Ехинацеата?
Чајниот напиток ИМУНОВИТ е природен лек за инфекции во почетна фаза, бидејќи ја потикнува имунолошката функција и го помага заздравувањето при настинки, грип, вирози, отечени жлезди, лимфна конгестија, кожни инфекции, апцеси, инфламаторни заболувања, алергии.
Чајот Имуновит посебно е делотворен во случај на заслабен имунитет предизвикан од долготрајно боледување, хируршки зафати или лечење со антибиотици. Но тој делува и на:
-Прочистување на крвта, бубрезите, лимфниот систем и црниот дроб од токсичните агенси, кои се потенцијални нарушувачи на здравјето
-Ги заштитува здравите клетки и помага во борбата против микробите, вирусите и габите преку покачување на концентрацијата на антитела
-Ги санира инфекциите на дишните и мочните патишта
-Го потикнува делувањето на сопствениот имуно систем
-Го потпомага заздравувањето при настинки, грип, вирози, инфламаторни заболувања и алергии. 
Како и кога се препорачува?
Имуновит чајот се препорачува да се пие во зимскиот период, како и во преодните месеци кога има поголеми температурни варијации. Доколку чувствувате знаци на ослабен имунитет, веднаш почнете со пиење на една чаша (250мл) свежо подготвен чај од Ехинацеа три пати дневно и тоа после јадење. Најдобро е доколку оваа терапија ја примените во времетраење од еден месец. Потоа направете едномесечна пауза, со што ќе му овозможите на Вашиот организам да ја манифестира силата на сопствената имуна реакција, стимулирана токму од Ехинацеата.
Подготвување на ИМУНОВИТ чај од Ехинацеа: 1 лажиче се прелива со 250мл. врела вода, и се остава 10 минути. Потоа се филтрира и се консумира секогаш свежо подготвен три пати на ден, после јадење.
Ехинацеата во козметиката
Чајот ИМУНОВИТ е одличен природен тоник за освежување и затегнување на кожата. Многубројните испитувања го потврдија фактот дека полифенолите од Ехинацеата ја заштитуваат кожата од оксидативното оштетување предизвикано од сончевото зрачење. Колагенот оштетен под дејство на сончеви зраци ја губи својата контрактилност што на лицето се манифестира со појава на брчки, огрубување на кожата или со предканцерозни израстоци. Тоникот подготвен од чајот Имуновит ја омекнува кожата и продира длабоко, ја враќа влажноста на кожата правејќи ја нежна и сјајна. 
Подготвување на тоник од Ехинацеа
За надворешна употреба: 2 лажички чај Имуновит се прелеваат со 1 чаша (250мл.) врела вода и се остава да стои додека да се олади, па се филтрира. Вака направениот тоник се нанесува на лице со козметички тупфери, а остатокот се чува во фрижидер за понатамошна употреба. Секој трет ден се подготвува свеж тоник. 
Користете ги благодетите на природата
Почувствувајте ја нејзината сила
Таа е содржана во чајот Имуновит - 100% Ехинацеа

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional