Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Интегрален Сусам 100 гр

Vitalia Интегрален Сусам 100 гр
Vitalia

Интегрален Сусам 100 гр

нема во моментот

Информација за производот: Vitalia Интегрален Сусам 100 гр

ИНТЕГРАЛЕН СУСАМ

Содржи 43% полинезаситени масни киселини, 43% мононезаситени масни киселини и 12% заситени масти. Богати се со протеини, ги содржат сите есенцијални аминокиселини особено метионин.

Во семките постои една посебна состојка именувана како сезамин кој го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, калиум и железо (во споредба со месен нарезок концентрацијата на калциум е 20 пати поголема, а концентрацијата на железо е 3 пати поголема). Се смета за лековита храна која може да го успори процесот на стареење.

Употреба: Сусамовите семенки можете да ги консумирате како додаток во салати, варива, житни снегулки, печења, пецива, леб, колачи со што ќе го подобрат вкусот и аромата. За да се искористат сите хранливи состојки присутни во сусамот, пред употреба семките да се згмечат или сомелат. Во спротивно целите сусамови семенки ќе поминат низ дигестивниот тракт без да се искористат. Сладокусците од сусамот можат да направат и млеко кое е одлична замена за кравјото млеко и тоа на следниот начин: 1 шоља интегрален сусам се миксира со малку вода, постепено се додава до 800мл. вода. По желба може да се додаде ванила, а како засладувач мед или малтекс.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 9g

 

 

*Дневни потреби %

Енергетска Вpeдност

52кcal

 

Енергетска Вредност од масти

37кcal

 

Масти

4g

            7%

Заситени масти

1g

3%

Холестерол

0g

 

Натриум

1mg

0%

Вкупни јаглехидрати

2g

1%

Диетални влакна

1g

4%

Шеќери

0g

 

Протеини

2g

 

Витамин А

 

0%

Витамин C

 

0%

Калциум

 

9%

Железо

 

7%

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

СУСАМ 
Сусамот е едно од првите маслодајни растенија кои ги одгледувал човекот. Се одликува со најголема содржина на масло меѓу маслодајните семиња. Зависно од сортите и одгледувањето содржи 52-63% масло, 19-23% протеини и 15-18% јаглехидрати.
Маслото од сусам  добиено со студено пресување со својот квалитет се приближува кон маслиновото масло. Прозрачно e, со светложолта боја и пријатен вкус. Најважна негова карактеристика е способноста долго време да стои без да се воспали. Во народната медицина се користи како испробан лек за одстранување на опстипација (тврда столица) и вишокот на течности од организмот (се зема на празен желудник 1-2 супени лажици сирово масло со една четвртина лажичка џумбир и една лажичка тамари соја сос).
Во Индија сусамовото масло се користи за лекување на рани, а одамна е познато како диетална храна кај заболените од киселини во стомакот. Се користи и за масирање на косата за да се спречи нејзиното опаѓање. Од нерафинираното масло се прават топли капки за отчепување на ушите од тврди масти. Мајките, доилки кои имаат проблеми со испукани и отечени брадавици може да ги премачкуваат со него, откако претходно повеќе пати ќе ги истријат со ладна солена вода.Во секојдневната исхрана се користи како додаток во салати, житни снегулки и пецива со што се подобрува нивниот вкус и мирис. 

Tyxo.bg counter