
Ладно Цедено Масло од Орев 250 мл
Ладно цедено масло од орев
Добиено со ладно цедење на ореви. Претставува природен производ со извонреден вкус и арома.
Содржи голема количина на антиоксидантна олеинска киселина која го штити организмот од холестерол со намалување и одстранување на холестеролот од артериите како и мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол во крвта, а го зголемуваат добриот ХДЛ.
Во својот состав содржи и разни антиоксиданси, вклучувајќи ги елагинската киселина, витаминот Е и селенот кои ги чуваат артериите од оштетувањата што ги предизвикува холестеролот и штитат од срцеви заболувања и рак.

