
Органски џем од вишна
Органски џем од вишна
Високо квалитетен органски џем од вишна со 55% свежо овошје и 30% помалку калории, засладен со агаве сируп.
Вкусен и високо квалитетен органски џем од вишна подготвен од специјално одбрано овошје кое потекнува од чистите и еколошки средини на Македонија, засладен со агаве сируп.
Традиционалниот начин на подготовка овозможува во џемот да се задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.
Органскиот џем од вишна е подготвен со 55 гр овошје на 100 гр. 100% од суровините од земјоделско потекло се во согласност со правилата за органско производство.
Содржи 30% помалку калории во однос со стандарден џем со вкупна содржина на шеќер 60г/100г.
Состав: вишна, агаве сируп, средство за желирање, пектин, регулатор за киселост: лимонка киселина, кациум нитрат.

