
Органски џем од слива
Органски џем од слива
Високо квалитетен органски џем од слива со 55% свежо овошје и 30% помалку калории, засладен со агаве сируп
Вкусен и високо квалитетен органски џем од слива подготвен од специјално одбрано овошје кое потекнува од чистите и еколошки средини на Македонија, засладен со агаве сируп.
Традиционалниот начин на подготовка овозможува во џемот да се задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.
Органскиот џем од слива е подготвен со 55 гр овошје на 100 гр. 100% од суровините од земјоделско потекло се во согласност со правилата за органско производство. Содржи 30% помалку калории во однос со стандарден џем со вкупна содржина на шеќер 60г/100г.
Состав: слива, агаве сируп, средство за желирање, пектин, регулатор за киселост: лимонка киселина, кациум нитрат.

