Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Пивски Квасец 250 гр

Vitalia Пивски Квасец 250 гр
Vitalia

Пивски Квасец 250 гр

нема во моментот

Информација за производот: Vitalia Пивски Квасец 250 гр

НАЈДОБАР ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИН Б. За многумина пивскиот квасец е единствено познат како состојка за производство на пиво. Но која е неговата вистинска вредност?

Денес медицината го признава како најдобар природен извор на витамините од Б комплексот, кои како такви најдобро се абсорбираат во организмот. И не само тоа. Пивскиот квасец во себе крие богатство на супстанции корисни за организмот и тоа протеини, јагленохидрати, минерали и витамини. Токму затоа одберете го сувиот пивски квасец во прав од палетата на Виталиа и внесете го во својата секојдневна исхрана. Со тоа го правите вистинскиот чекор кон доброто здравје.

Како се добива?

Сувиот пивски квасец ВИТАЛИА се добива при производството на пиво, преку процесот на изолација и сушeње. Тој се состои од суви клетки на квасната габа saccromiceti servisia која лесно се искористува во организмот.Сувиот инактивиран пивски квасец ВИТАЛИА е еден од најдобрите диететски производи. Се карактеризира со висока содржина на протеини и аминокиселини кои се неопходни за природен раст, развој и регенерација на ткивата и органите.

Како дејствува?

Сувиот пивски квасец ВИТАЛИА содржи четири основни елементи:
- Селен: го забавува стареењето на клетките
- Хром: штити од дијабетес и инфаркт
- Глутамин: ја подобрува елиминацијата на штетните материи
- Нуклеински киселини; за одржување здрави телесни клетки
 
Сепак најважна карактеристика на сувиот пивски квасец ВИТАЛИА е неговата висока содржина на витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин), кои го регенерираат нервниот систем, ја подобруваат функцијата на црниот дроб и ја помагаат правилната работа на срцето. Пивскиот квасец е одличен пријател во борбата против анемијата и го подобрува имунитетот на организмот.

Позитивното делување на пивскиот квасец ВИТАЛИА се забележува и во следните случаи:

- Артериосклероза

- Физичка и ментална исцрпеност

- Го подобрува апетитот посебно кај децата

- Го намалува нивото на шеќер и мастите во крвта поради што се препорачува на лица со диабетис

- Ја подобрувас дигестијата, ги одстранува мачнината и тежината во стомакот

- Ја смалува напнатоста и нервозата

- Со своето природно антибиотско дејство го неутрализира штетното делување на бактериите

Пивскиот квасец ВИТАЛИА во козметиката

Пивскиот квасец делува и на вашата убавина. Богатството на витамини ја храни кожата, го спречува нејзиното прекумерно сушење и го регенерира епидермот. Пивскиот квасец има и детоксификационо својство. Тој ја прави кожата здрава и сјајна, но помага и во лекување на акните, егземите, воспаленијата и инфекциите. Благодарение на извонредниот витамински состав, пивскиот квасец ВИТАЛИА го подобрува квалитетот на косата и ноктите и го забрзува нивниот раст и регенерација. Затоа велиме дека пивскиот квасец ВИТАЛИА е за здравје и убавина.

Освен како додаток во исхраната, од сувиот пивски квасец во прав ВИТАЛИА можете да направите и маска за лице која има повеќекратно позитивно дејство на кожата. Таа се подготвува на следниот начин:

Помешајте една лажица пивски квасец ВИТАЛИА со малку вода или чај од камилица и нанесете на лицето и деколтето. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути и исчистете го лицето со млака вода. Во зависност од типот на кожата можете да додадете павлака, жолчка или малку мед. 

Пивскиот квасец на ВИТАЛИА - Вашиот прав избор

Пивскиот квасец ВИТАЛИА е биолошки високо вреден природен производ, идеален прехрамбен додаток кој го надокнадува недостатокот на неопходните витамини во секојдневната исхрана. Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе Ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.

Неговата примена е мошне едноставна. Измешајте една лажица пивски квасец во прав ВИТАЛИА со 250-300мл. јогурт, кисело млеко или соино млеко и засладете по желба со некој од природните засладувачи (нерафиниран кафеав шеќер Мусковадо, мед, малтекс, маџун - гроздов слад, лецимед, јаворов сируп). Со тоа ќе добиете вкусен и здрав оброк кој ќе Ве снабди со богатство од витамини и енергија. Пивскиот квасец во прав можете да го додадете и во варива или супи. Препорачана дневна доза изнесува 2 супени лажици за возрасни, а за деца 1 кафена лажичка

Пивскиот квасец ВИТАЛИА се препорачува за секого како дневен додаток во исхраната кој повеќекратно ќе ја подобри хранливоста на оброкот. Затоа секојдневното консумирање пивски квасец нека Ви биде корисна навика чии позитивни ефекти врз здравјето со сигурност нема да изостанат.

 

 

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 100g

 

Енергетска Вpeдност

370kcal

Масти

3,5g

Вкупни јаглехидрати

30g

Протеини

45g

Витамин Б1

22mg

Витамин Б2

3mg

Витамин Б6

4mg

Пантотенска киселина

8mg

Ниацин

36mg

Натриум

100 mg

Калиум

2000 mg

Калциум

360 mg

Магнезиум

240 mg

Железо

9 mg

Фосфор

1600 mg

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

Tyxo.bg counter