
Соино млеко во прав натурал 300 гр
Изберете според сопствениот вкус- соино млеко СоВита во прав : SoVita - соино млеко натурал, SoVita - соино млеко збогатено со 10 витамини, калциум и лецитин и SoVita - соино млеко со вкус на ванила или чоколадо.
SoVita е 100% природен производ од растително потекло погоден за секојдневно консумирање, за сите возрасти, во сите пригоди вклучувајќи ги диетите и постите. Богатството од соини протеини, незаситени масни киселини, малтодекстрини, бавно согорувачки шеќери, витамини и минерали се доказ дека соиното млеко е најдобра замена за кравјото млеко.
SoVita - соиното млеко не содржи лактоза, холестерол, глутен и заситени масти. Обилува со природни растителни естрогени значајни за регулирање на хормоналниот статус посебно кај жените. Докажано е дека со дневно консумирање на 60 гр. соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските дури за 45%. Тоа е посебно значајно за време на менопаузата кога ризикот од остеопороза е најголем. Со редовно пиење на соино млеко, топлотните бранови како и останатите симптоми кои се појавуваат во периодот на менопаузата значително се намалуваат.
Употреба: пријатно и лесно сварливо погодно за консумирање како напиток поединечно или за подготовка на лесно сварливи оброци со житни снегулки и мусли. SoVita - соино млеко може да го користите во сите рецепти каде е потребно додавање на млеко: десерти, торти, пудинзи, филови, сосови и преливи.
неутрално ванила минерали и витамини
Се препорачува како прехрамбен додаток и за лица со зголемена физичка активност, за спортисти, како и за лица со кардиоваскуларни заболувања. Со соиното млеко во прав можете да подготвите многу вкусни напивки, пудинзи, супи или сосови на ист начин како и со кравјкото млеко. Не се препорачува како замена за кравјото млеко до 3 годишна возраст, само соиното млеко збогатено со витамини може да го користат деца над една година. Погодно за дијабетичари. Произведено од генетски немодифицирана соја (ГМО).

