Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Соин Лецитин 350 гр

Vitalia Соин Лецитин 350 гр
Vitalia

Соин Лецитин 350 гр

нема во моментот

Информација за производот: Vitalia Соин Лецитин 350 гр

Соин Лецитин

Доколку забележувате дека имате проблем со помнењето, чувствувате летаргија, Ви отсуствува сонот, имате сува уста, Ве следи сенилна заборавеност, време е да преземете неколку  чекори.

Пред се откажете се од консумирање на стимулативните средства (кафе, чоколадо, кола напитоци, рафинирани шеќери). Сведете го на минимум престојот во задимени простории и започнете со редовно консумирање на интегрални семиња и нивните масла (тиквино, сусамово, сончогледово). Всушност потребен Ви е оптимален внес на хранливи состојки од типот на фосфатиди кои се од животно значење за нормално функционирање на сите клетки, пред се на мозочните.

Природни извори на фосфатиди се сојата, кикириките, јаткастите плодови, пченичните никулци, пивскиот квасец. Соја лецитинот е најприроден извор на смеса од фосфатиди (холин, инозитол и линолна киселина) со изразени диететски и терапевтски својства. Холинот и инозитолот се витално градбени компоненти на клеточните мембрани играјќи важна улога во развојот и функцијата на клетките. Содржи и литотропни агенси, супстанции кои го штитат црниот дроб и крвните садови. Во палетата на ВИТАЛИА достапни Ви се два облика на соја лецитин и тоа Соја лецитин во гранули со вкус на шумско овошје во пакување од 100гр. и Соја лецитин паста во тегла од 350гр. Тие се здрав додаток во исхраната со кој ги внесувате неопходните хранливи состојки потребни за добра концентрација и меморија.

Како ќе Ви помогне ?

Соја лецитинот од палетата на ВИТАЛИА е одличен заштитник на кардиоваскуларниот систем од срцев напад благодарение на линолната киселина (есенцијална масна киселина) која го намалува нивото на холестерол и мастите во крвната плазма. Поради тоа соја лецитинот е идеален во превенција од хипертензија, артериосклероза и кардиоваскуларни заболувања. Соја лецитинот на ВИТАЛИА го спречува создавањето на камења во жолчка, ги прочистува крвните садови и го зајакнува миокардот. Ја омекнува столицата и делува против гасови. Го зголемува апетитот кај депресивни лица и делува како благ седатив. Со редовно консумирање на соја лецитинот се подобрува размената на материите и се забавува стареењето на клетките. Она што ќе го приметите кај себе е поголема концентрација со што всушност ја подобрувате својата работна способност. Недостигот од фосфатиди во Вашата исхрана може да се манифестира со дигестивни проблеми, гадење, нетолеранција на масти, замастување на црниот дроб, заборавеност. Не дозволувајте да Ве затекнат овие состојби. Делувајте превентивно и внесете го соја лецитинот во вашата исхрана.

Како се конзумира? Соја лецитинот во паста - се препорачува 1-2 лажички дневно помешани со малтекс, мед, џем или додадени во житни мусли. Соја лецитин во гранули со суво овошје - се конзумира директно бидејќи има одличен вкус на овошје (малина и капина). Може да го консумирате наутро или како ужина во текот на денот. Две до три кафени лажички дневно од гранулите земени самостојно или додадени во јогурт, житни каши, сокови или млеко ќе ги задоволи потребите на организмот од фосфатиди.

Пријатен тек.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 100g

 

 

*Дневни потреби %

Енергетска Вpeдност

763кcal

 

Енергетска Вредност од масти

763кcal

 

Масти

100g

154%

Заситени масти

15g

75%

Холестерол

0g

0%

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

Tyxo.bg counter