Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Тахбо Чај - Чудесен дар од природата 50 гр

Vitalia Тахбо Чај - Чудесен дар од природата 50 гр
Vitalia

Тахбо Чај - Чудесен дар од природата 50 гр

Цена 97.00 MKD

Kоличина:

Информација за производот: Vitalia Тахбо Чај - Чудесен дар од природата 50 гр

Денешното темпо на живот често пати на исцрпува ментално и физички. Негативните последици од урбаниот начин на живеење

можеме да ги неутрализираме со внесување на храна која ја подобрува нашата психофизичка кондиција и делува на нашето здравје. Направете нешто повеќе за себе. Изберете производ кој одговара на Вашите потреби. Дозволете и на природата да се погрижи за вашето здравје.

Чајот ТАХЕБО е еден од прекрасните дарови на природата кој потекнува од Јужна Америка и се добива од внатрешната кора на дрвото Тахебо познато под името Ipe Roxo кое расте во неконтаминираните озонски области на Андите каде воздухот е чист и свеж, ослободен од смог, гасови и пестициди. Тахебото е свето дрво за племето Calaway, потомци на древните Инки, кои го користеле како основен лек за многу болести. Денес и научно се потврдени фактите дека внатрешната кора на дрвото поседува антибиотски, антигабични, аналгетски и диуретски својства. Лековитите својства се должат на присуството на lapahol и бета - lapahon (нафтокинонски деривати) кои се две примарно активни компоненти.

Како ТАХЕБО чајот ќе му помогне на Вашиот организам?

- Го јакне одбрамбениот систем на организмот, го регулира метаболизмот истовремено поттикнувајќи го создавањето на нови, здрави и витални клетки

- Содржи голема количина на железо (Fe) во лесна ресорптивна форма со што ја подобрува крвната слика при сидеропенични анемии и го зголемува процентот на кислород во организмот

- Го зајакнува и балансира имунолошкиот систем и делува во превенцијата на широк спектар на заболувања

- Купката направена од Тахебо чајот помага при лекувањето на габичните и квасните инфекции како и на воспалителните процеси на урогениталните органи

- Моќните антибиотици кои ги поседува Тахебото ги убиваат бактериите и ги санираат инфекциите

- Ја зајакнува клеточната структура, го подобрува апетитот, ја помага асимилацијата на хранливите материи и ја регулира столицата

- Тахебо чајот има огромна моќ на детоксификација (прочистување) на организмот

- Ја подобрува циркулацијата на крвта, поволно делува на нервниот систем и помага при несоница и вознемиреност

- Помага во лекувањето на гастритисот, синуситисот, астмата, реуматизмот, гонореата, артериосклерозата, диабетесот, миомите како и болестите на црниот дроб

- Го подобрува лечењето на малигните заболувања преку значително зголемување на кислород во крвта.

ТАХЕБО чајот на ВИТАЛИА е одлична заштита и превентива токму од оние заболувања кои се последица на намалениот имунитет на организмот како што се инфекциите, но и канцерогените болести. Препорачливо е да го користат пациентите паралелно со медикаментозната терапија бидејќи е констатирано дека го зголемува ефектот на хемотерапијата, а ги намалува пропратните несакани ефекти на медикаментите.

Подготвување и дозирање: Во 1 литар зовриена вода се додаваат 3-4 кафени лажички од Тахебо чајот на Виталиа. Се остава да врие 3-5 минути, потоа се намалува огнот и се вари на тивко уште 15 минути. Се процедува во неметален сад и се пие во текот на денот. За подобрување на апетитот се пие 20 минути пред јадење. Препорачлива доза: 1 литар дневно. Дозирањето и траењето на терапијата за конкретно заболување се одредува во зависност од клиничката слика на корисникот.

Нус појави: зголемено потење, уринирање и дефекација како резултат на детоксификацијата ( прочистување) на организмот од штетните материи.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional