Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Цветен Прав 150 гр

Vitalia Цветен Прав 150 гр
Vitalia

Цветен Прав 150 гр

нема во моментот

Информација за производот: Vitalia Цветен Прав 150 гр

ПОЛЕН-ВИНОЖИТО ОД БОИ

Поленот е чист и природен производ на пчелите, силен биоенергетик за ревитализација и регенерација на Вашиот организам.

Природната комбинација на протеини, амино киселини, минерали, витамини, ретки елементи и ензими ја потврдуваат незаменливоста на поленовиот прав за одржување на добро здравје.

Препорака за употреба: 1 до 2 лажици (20г) дневно помешано со сок, млеко или овошје, со или помеѓу оброците. Препорачана доза за деца изнесува 1/2 до 1 лажица дневно.

 

 

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 100g

 

Витамин А

0,24mg

Витамин Б1

0, 70mg

Витамин Б2

1,30mg

Витамин Ц

17mg

Комплекс

1mg

Фосфор

230mg

Магнезиум

116mg

Калциум

168mg

Калиум

410mg

Цинк

4,5mg

Бакар

0,70mg

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

 

ВИТАЛИА Цветен прав - прИродна супер храна 

 
Поленот или цветниот прав е важен фактор во размножувањето и обновата на билките цветници кои пчелите работнички го собираат од цветовите и го мешаат со мед и секрет богат со ензими. Вака обработениот пчелин леб - перга претставува инзвонреден природен концентрат на квалитетни нутритиенти кои влијаат врз подобрувањето и одржувањето на човековото здравје.

Зошто Ви го препорачуваме токму поленот во гранули од палетата на ВИТАЛИА?

Цветниот прав од ВИТАЛИА е од врвен квалитет добиен со мешање на полен од различни географски области. Погледнете го и ќе видите виножито од бои. Секоја боја претставува различен вид растение. Она што ние Ви го нудиме е производ со најдобро избалансиран нутритивен профил.

Цветниот прав од Виталиа изобилува со хранливи материи и според својот состав претставува храна за се. Природната комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е, К и провитаминот Д), минерали (калиум, калциум, магнезиум, железо), протеини, есенцијални и неесенцијални амино киселини и ензими  ја потврдуваат хранливоста и лековитоста на овој прекрасен дар од природата.

Ако сакате да го зајакнете Вашето тело или пак да ги елиминирате тегобите што го мачат вашиот организам, без двоумење внесете го овој природен еликсир во секојдневната исхрана и подобрете го начинот на живеење. 

Како поленот ќе му помогне на Вашиот организам?

·        Поленот е одлично дополнување на исхраната на децата, бремените жени и доилките;

·        Делува поволно на централниот и вегетативниот нервен систем, а со тоа помага во случај на замореност, исцрпеност и депресија. Ја зголемува активноста на мозокот и го подобрува помнењето;

·        Го освежува организмот после прележани тешки инфекции;

·       Ја подобрува физичката и менталната способност после примената на диети за слабеење или подолго конзумирање на еднолична храна;

·       Ја подобрува крвната слика и е одлично средство против анемијата;

·      Помага во лечењето на импотенцијата и стерилитетот;

·      Ги штити крвните садови и е природен лек против артериосклероза;

·      Поволно влијае врз обновата на цревната флора;

·      Го подобрува квалитетот на косата и традиционално се користи во козметички цели за омекнување и освежување на кожата;

 
Поленот можете да го употребувате на неколку начини:

Зрнцата од полен се држат во устата додека се растворат или се мешаат со мед, овошен сок или млеко, наутро пред јадење и навечер пред спиење.

Вообичаена дневна доза: 1-2 лажици за возрасни, 1/2-1 лажичка за деца.
По потреба дневната количина може да се зголеми бидејќи нема опасност од предозирање.

 

1.  50гр. полен и 250гр. мед се мешаат со 800мл. Се меша смесата за да се раствори поленот и се остава да одстои 3-4 дена. Напитокот се пие предручек и вечера по една винска чаша.

2.  50гр. полен и 250гр. мед се мешаат и се оставаат да одстојат 4 дена. Вака приготвената смеса се зема 4 пати на ден по 1 лажица. По потреба односот полен со мед може да биде 1:1.

3.  10гр. полен, 50гр. мед и 100гр. путер се миксираат и така добиениот крем се мачка на леб.

Поленот е инзвонредно козметичко средство од кое можете да направите хранлива маска за лице: 5гр. полен и 5гр. мед се мешаат со 1 добро изматена жолчка и се нанесува на лицето, вратот и деколтето. После 30 минути маската се одстранува со млака вода во која е додаден сок од половина лимон. Ефектот ќе го забележите веднаш. 
Поленот е Еликсирот што Ви треба Вам и на Вашето семејство.

Tyxo.bg counter