Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Чист Канадски Јаворов Сируп 250 мл.

Vitalia Чист Канадски Јаворов Сируп 250 мл.
Vitalia

Чист Канадски Јаворов Сируп 250 мл.

нема во моментот

Информација за производот: Vitalia Чист Канадски Јаворов Сируп 250 мл.

Ако прашате кој е најпопуларниот метод на слабеење кој се практикува меѓу женската и машката популација кај нас сигурно одговорот ќе биде диетата со Јаворов сируп.

Таа е идеална за намалување на телесната тежина, но и за прочистување на организмот од токсините - најчестите причинители на болестите. Оваа диета трае 10 дена и со неа ќе симнете од 5-10 кг, како резултат на активното намалување на масните наслаги и ефикасното елиминирање на токсини од телото. Диетата со Јаворов сируп можете да ја примените три до четири пати во годината. Резултатите ќе бидат очигледни: ќе бидете повитки, ќе забележите подобрување на квалитетот на кожата и косата, на работата на дигестивниот тракт, но и подобрување на психофизичката состојба. Ќе се чувствувате многу полесно, со повеќе енергија и животна сила.

Што содржи диетата со Јаворов сируп?

Оваа диета се состои во замена на класичните дневни оброци со специјален напиток подготвен од јаворов сируп, џумбир, лимонов сок и вода. За да ги постигнете посакуваните резултати треба да консумирате 6-12 чаши или 2-4 литри од јаворовиот напиток. Со овој напиток ќе го снабдите организмот со неопходните минерали и витамини за правилно функционирање. Одсуството на протеини во текот на диетата само ќе го подобри и интензивира прочистувањето на телото од токсини. ЗАПОМНЕТЕ ДЕКА ЗА ВРЕМЕ НА ДИЕТАТА НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ДРУГА ХРАНА Освен напитокот од јаворов сируп дополнително можете да пиете и чај од нане или чај Слим и Фит од палетата на Виталиа како и негазирана вода. Во случај на опстипација (запек) се препорачува пиење на една чаша алкалакс дневно. По завршувањето на диетата преминот кон редовниот начин на исхрана треба да биде внимателен, посебно во првите три дена. Внесувајте лесна храна и во помали порции. Затоа придржувајте се кон следниве препораки:

Прв ден: за појадок природен сок од овошје, за ручек бистра супа од зеленчук, за вечера варен зеленчук.

Втор ден: за појадок природен сок од овошје или свежо овошје, за ручек бистра супа од зеленчук со просо и варено жито (јачмен, ориз), за вечера житни снегулки потопени со оризово млеко Rice Vita од палетата на Виталиа.

Трет ден: за појадок природен сок од овошје или свежо овошје, за ручек супа од зеленчук со малку протеинска храна на база на соја, за вечера житни снегулки потопени во соино млеко SoVita од палетата на Виталиа. Времетраењето на диетата не треба да го надминува периодот од 10 дена.

Доколку сакате да ја повторите диетата треба да направите пауза од 4 недели. Што ако не можете да се воздржите од храна? Доколку чувствувате дека не можете да го издржите овој 10 дневен строг режим на исхрана тогаш Ви препорачуваме друга верзија на диетата која трае 5-7 дена. И во овој случај единствена храна која се конзумира е напитокот подготвен од јаворовиот сируп. Треба да испиете 2-4 литри дневно. Со овој покус третман имате можност да намалите 3-5 килограми од својата тежина. Подготовка на напитокот од Јаворов сируп: За да подготвите една чаша диет напиток потребни Ви се 2 големи лажици јаворов сируп на Виталиа, 2 големи лажици свежо исцеден лимонов сок, 1/4лажиче џумбир во прав (за подобрување на метаболизмот и циркулацијата) и 300 мл. вода. Сите состојки се мешаат за да се добие хомогена мешавина. Секогаш кога ќе се пожувствувате гладни или со знаци на слабост, испијте една чаша Јаворов напиток. Ако сакате да ја задржите витката линија постигната со оваа диета најдобро е појадокот и вечерата да ги замените со 2-3 чаши напиток од јаворов сируп подготвен според наведениот рецепт. Со ова го продолжувате и помагате природниот процес на прочистување на телото. Консумирајте леб од интегрално брашно, салата, варен или динстан зеленчук во гарнир со бело месо, соја шницли, печурки или риба. За десерт одберете свежо овошје. Овој режим практикувајте го еден месец. Како последна фаза на прочистување применете го еднодневниот ДЕТОКС програм на Виталиа, кој се состои во целосна замена на храната со напиток од јаворов сируп и тоа еден ден во неделата. Со тоа ќе се прочистите и останете во фит форма. Одберете ја Вашата цел. Бидете трпеливи и упорни. Резултатите ќе дојдат со 100% здравје.


НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Пресметките се однесуваат на 30ml

 

 

*Дневни потреби %

Енергетска Вредност

105kcal

 

Масти

0g

 

Вкупни јаглехидрати

23g

 

Протеини

0g

 

Натриум

4mg

 

Калиум

55mg

 

Калциум

 

6%

Железо

 

5%

Магнезиум

 

6%

Тиамин (В1)

 

6%

Рибофлавин (В2)

 

2%

*

Tyxo.bg counter