Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Vitalia Џумбир 100 гр

Vitalia Џумбир 100 гр
Vitalia

Џумбир 100 гр

Цена 108.00 MKD

Kоличина:

Информација за производот: Vitalia Џумбир 100 гр

Подготвување и дозирање 1. Чај од џумбир: 1/2 кафена лажичка џумбир во прав се потопува со 150мл. врела вода. Стои 15 минути, се процедува и пие во голтки двапати дневно.

2. Џумбир во супа: во 200мл. супа се става 1/2 кафено лажиче џумбир. Се додава малку јаболков оцет и се остава да се олади. Вака приготвен претставува ефикасен лек за тромбоза.

3.    Облоги од џумбир: се користат кај акутни и хронични болки како реуматизам, артритис, болки во грбот, грчеви (цревни, менструални), напад од бубрежни каменчиња, забоболка, укочен врат, бронхитис, воспаление на црниот дроб, простатата, мочниот меур, чиреви и апцеси. Џумбировите облоги се корисни при разложувањето на наслагите од маснотии, камења во бубрези и жолчно кесе, цисти (на градите или јајниците) и бенигни тумори како миоми на матка.

Се става 4.5л. вода да зоврие и се намалува оганот за да се постигне температура под точката на вриење. Во помала вреќичка (или трослојна газа) се става 30-40гр. џумбир во прав, се затвара вреќичката со оставање мал отвор за да се овозможи циркулирање на водената пареа. Вреќичката се потопува во врелата вода, се затвора поклопецот и остава 5 минути. Откако водата ќе добие жолтеникава боја со јак мирис (во спротивно притиснете ја вреќичката со џумбир), се тргнува тенџерето од оган. Во ваквата џумбирова вода се потопува крпа во големина на облогата што сакате да ја направите и со усукување се исцедува (да не капе од неа течност). Вака приготвената облога (доколку е многу жешка дозволете да се олади) се става на голото оболено место и се покрива со неколку фротирки за да се задржи подолго топлината. Облогата се менува на секои 3-4 мин. односно откако ќе се олади. Третманот со облогите трае 20-30 мин. се додека кожата на оболеното место добие јака црвена боја. При тоа џумбировата вода треба да ја одржувате на повисока температура, но не да врие бидејќи во тој случај може да се уништат активните состојки на џумбирот.

Внимание!!!

Никогаш не ставајте облоги од џумбир во зоната околу мозокот. Во случај на синуситис на лицето може да се стави блага облога или со топла џумбирова вода да го исплакнете лицето. Облоги не смеат да се ставаат на доенчиња, трудници, воспалено слепо црево, пневмонија, висока температура. Во случај на канцероген тумор облогата не се држи подолго од 5 минути.

Контраиндикации: ако го користите во дозволеното ниво од пропишаните тераписки дози, контраиндикации не се познати.

Џумбирот е извонреден зачин кој го подобрува вкусот и аромата на секое јадење. Состав: 100 % чист џумбир во прав, без адитиви и конзерванси.

Лековита моќ на џумбирот:
-Ја подобрува циркулацијата на крвта дејствувајќи како вазодилататор
-Го загрева организмот
-Го снижува нивото на холестеролот
-Ја зголемува менталната будност
-Одличен антисептик
-Корисен во третман за намалување на целулитот
-Познат афродизијак

ЏУМБИР-ДАР ОД ПРИРОДАТА 

Џумбирот (Zingiber officinale) е едногодишно растение кое потекнува од Азија и има долга историја на употреба како зачин во здравата исхрана и како лековито средство.  Правот добиен со мелење на коренот од ова чудесно растение се користи како лек поради многубројните докажани медицински ефекти.  Со научни испитувања констатирано е дека џумбирот содржи активна супстанца гингерол (zingiberin) која има дејство на аспирант. Лесно испарливите масла содржани во ова растение се одговорни за неговиот лут мирис и вкус.

100 % ЧИСТИОТ ЏУМБИР ВО ПРАВ ОД ПАЛЕТАТА НА ВИТАЛИА Е ОД ВРВЕН КВАЛИТЕТ, КОЈ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ГОЛЕМ СПЕКТАР НА ЗАБОЛУВАЊА.

Индикации:
 

1.   Циркулација - Ја подобрува циркулацијата на крвта делувајќи како вазодилататор (ги проширува крвните садови). Има силно анти-коагулативно дејство, намалувајќи ја штетната активност на еукозаноидите (т.н лоши хормони) кои се одговорни за лепењето на тромбоцитите и создавање на крвни грутчиња.

2.   Дигестија - Ја стимулира продукцијата на желудочните сокови, ги релаксира дигестивните мускули делувајќи на нивниот тонус. Ги апсорбира и неутрализира токсините во желудникот со што помага кај грчеви и лошо варење. Го подобрува апетитот, ја поттикнува продукцијата на жолчниот секрет кој помага во дигестијата на мастите и го намалува нивото на холестеролот во крвта.

3.  Респирација - како анти-спазмолитик и антисептик помага при воспалување на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците. Помага во лечењето на грипот, настинките и го олеснува искашлувањето.

4.  Мускулатура, сврзно и коскено ткиво - делува како анелгетик намалувајќи ги болките во мускулите. Со своето антиинфламаторно дејство (против воспалување) се потврдува како лек за реуматиден артритис. Делува антиоксидантно разградувајќи ги наслагите во синувијалната течност во зглобовите. Ја забрзува регенерацијата на оштетените ткива во случај на фрактура. Се користи како основа во многу третмани при фиброзни и мускулни оштетувања.

5.  Мозок и емоции - Ја разбиструва главата, ја зголемува менталната будност и го подобрува помнењето. Помага во случај на мигрена или склероза. Ја намалува напнатоста предизвикана од нервоза или вознемиреност.

6.  Урогенитално - Делува како аналгетик и антиспазмолитик и ги намалува менструалните грчеви. При воспаление на мочниот меур, бубрезите и простатата делува антиинфламаторно. Познат е како добар афродизијак кој ја подобрува сексуалната моќ.

7.   Кожа и коса - Корисен е во третманите на осетлива венска варикоза и го намалува целулитот.

8.   Метаболизам - го забрзува метаболизмот предизвикувајќи побрзо согорување на калориите (до 20% повеќе од вообичаеното) со што ја регулира телесната тежина.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional