
Ginkovit Gingo Biloba 100 % 50 гр
Гинко билоба според својот век на постоење е најстарото дрво. Најпрепознатливи карактеристики по кои оваа билка се одликува во растителниот свет е неговата отпорност и генетската предност.
Каква е неговата лековита моќ?
Листовите на Гинкото имаат единствени лековити својства кои на луѓето им овозможуваат добро здравје, а со тоа и долговечност. Тие поседуваат биоактивни состојки и тоа флавоноидни гинкозиди, терпенски лактони, проантоцијаниди, глукоза, рамноза, органски киселини, Д - глуконска киселина и гинколична киселина, кои се главни виновници за лековитите својства на Гинкото.
Циркулацијa
Циркулацијата на крвта е ивор на храна и енергија за сите процеси во човечкото тело. Слабата циркулација може да предизвика разни здравствени пореметувања вклучувајќи го предвременото стареење на клетките, атрофија на вените и екстремитетите, проширени вени, болки во нозете, заболување на зглобовите и отежнато одење. Освен тоа недоволниот доток на крв во мозокот ја смалува моќта на концентрација, доведува до депресија, слабо помнење, проблеми со рамнотежата, слабеење на видот, главоболки и мозочен удар.
Ако чувствувате било какви тегоби поврзани со лошата циркулација во организмот, без двоумење обратете се на Гинкото.
Чајот Гинковит подготвен од листови од Гинко Билоба е еден од најпочитуваните напитоци за подобрување на циркулацијата. Гинколидите го потикнуваат дотокот на крв во мозокот и екстремитетите спречувајќи ја појавата на нарушено помнење, дезориентација, слушни нарушувања и мозочни удари.
Чајот Гинковит делува:
- Смирувачки на мозочните артерии и спречува појава на спазам
- Ја подобрува концентрацијата и помнењето
- Помага во лекувањето и превенцијата од мозочни удари, главоболки и мигрени
- Ја подобрува циркулацијата во долните екстремитети и ја подобрува потенцијата
- Се препорачува во лекување на проширени вени, болки во нозете, зглобни нарушувања и отежнато одење.
Чајот Гнковит го подобрува искористувањето на гликозата поради што се препорачува и за дијабетичари.
Срце
Чајот Гинковит е одличен циркуларен тоник кој ја одржува виталноста на срцевиот мускул. Тој ја спречува појавата на висок крвен притисок. Антиоксидансите од чајот ги уништуваат слободните радикали, а со тоа се намалува можноста за создавање на масни наслаги на срцевите садови и хипертензија
Антиалергиско дејство
Гинкото поседува и антиалергиско дејство. Тој го блокира производството на супстанции причинители на алергиски реакции. Токму поради овие својства чајот Гинковит се препорачува и за лица кои заболуваат од астма или се склони на алергии.
Чајот Гинковит на Виталиа Ви овозможува да ги почувствувате благотворните дејства на Гинкото благодарејќи на кои се здобива со епитетот : дрво на животот. Консумирајте го кога имате намалена концентрација и потреба за поуспешно извршување на работните задачи, како и секогаш кога се чувствувате нервно и ментално исцрпени. Чајот Гинковит е препорачлив како тоник за целиот организам кој ќе Ве освежи и подготви за поуспешно извршување на секојдневните обврски.
Како се пие чајот Гинковит?
Чајот Гинковит се потопува на следниот начин: 2 кафени лажички чај се прелеваат со 250мл. врела вода и се остава да се олади. Потоа се процедува и се пие по желба засладен, секогаш свежо подготвен , еднаш во денот.
Чајот се консумира три месеци во континуитет, после што се прави пауза од 15 до 30 дена.

